Бомба од Durex
ТУНЕЛ ВО КОЈ ТРЕБА ДА
ВЛЕЗЕТЕ СИГУРНО
Велат дека сексот продава се. Во случајот на Durex тоа може да се сфати буквално. И додека голем број душогрижници се крстат и со левата и со десната рака пред да влезат во овој тунел, изгледа дека Французите немаат проблем со овој вид душогрижници... Или сево ова е само успешна фотомонтажа од Durex која го обиколи светот?
Без разлика дали станува збор за fotoshop или за вистинска реклама поставена на Азурната Обала, овој плакат го постигна посакуваниот ефект. Герила маркетингот – спој на контровези: убавите гради, креативната идеја и монденската локација ( каде ако не во близината на Монте Карло ) – ја покажаа сета своја моќ.
Дали овој мега постер е навистина поставен на влезот од тунел во близина на Монте Карло, или не, сега веќе воопшто не е важно. Оваа фотографија со логото на Durex, обиколувајќи го светот допре до многу поголем број луѓе, отколку ако завршеше само на влезот од тунелот. Низ социјалните мрежи веќе се води полемика за кој тунел точно станува збор, потоа дали Французите воопшто би дозволиле да се постави ваква реклама и тоа на англиски јазик, па се до тоа колкава е големината на пикселите на моделоот, во однос на позадината.
Како и да е во Durex се задоволни. Компанијата е повторно во самиот центар на медиумскиот фокус, продажбата се зголемува, а колку е ова деструкција на пазарот, чиста измама вредна за презир, а колку морално или етичко прашање, останува да се дискутира.
Маркетиншки – ова, во секој случај, е добар трик. |