МОЌТА НА ЗБОРОВИТЕ
Користете зборови кои продаваат. Не заборавајте дека зборовите имаат моќ, но бараат многу внимание при изборт. Вистински избраните зборови или buzz words, како што се нарекуваат, се зборови кои ги будат чувствата кај луѓето. Тоа се зборови кои предизвикуваат интерес, возбуда и го забрзуваат процесот на акција кај потрошувачите
КРЕАТИВНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ
Да се биде различен одамна е еден од главните предуслови за успех во сите сегменти на пазарот. Тоа не е цел само на големите брендови, туку и секојдневна стратегија меѓу познатите музички имиња. Да се има одлична песна и видео спот веќе не е доволно за да се биде in, па ако сакате песната цел ден да ви се врти по домовите, канцелариите, автомобилите, и да имате неколку илјади постирања на Facebook ви треба покреативна и покреативна стратегија.
ЗАБОРАВЕТЕ ГО СЕКСОТ НА ПРВАТА СРЕДБА
Според истражувањата на Американското здружение за директен маркетинг USDMA, e-mail маркетингот е најсилната алатка на директниот маркетинг, бидејќи на секој потрошен долар враќа 43 долари. „Заборавете го сексот на првата средба, односно очекувањата дека ќе го убедите клиентот да го купи вашиот производ или услуга со првиот e-mail. Бизнисот се темели на интерес, а не на емоции. За да се постигне меѓусебната доверба прво е потребно „вљубување“, значи, потребно е време“,изјави неодамна маркетиншкиот гуру Michael Leander на една конференција за e-mail маркетинг одржана во Загреб. (повеќе)
ПРЕМАЧКАНИ СО СИТЕ БОИ
„Ми се допаѓа овој автомобил, миличок. Кој мила? Овој...овој црвениов„! Можеби овој разговор ќе ви изгелда како дел од брачните води, но во светот постојат илјадници научни студии и една цела гранка во маркетингот кои ги проучуваат значењето и влијанието на боите врз однесувањето на луѓето во животните ситуации, како и врз однесувањето на луѓето како потрошувачи. Боите се битен елемент во маркетиншкото комуницирање меѓу производот и купувачот. Постојат корелации меѓу одделни бои, групи потрошувачи и производот и услугата.(повеќе)
Бомба од Durex ТУНЕЛ ВО КОЈ ТРЕБА ДА ВЛЕЗЕТЕ СИГУРНО
Велат дека сексот продава се. Во случајот на Durex тоа може да се сфати буквално. И додека голем број душогрижници се крстат и со левата и со десната рака пред да влезат во овој тунел, изгледа дека Французите немаат проблем со овој вид душогрижници... Или сево ова е само успешна фотомонтажа од Durex која го обиколи светот?...(повеќе)
Герила маркетинг FREE – ЗБОР КОЈ ГИ ОТВОРА ПАРИЧНИЦИТЕ
"Free" или „бесплатно“, според тврдењето на експертите за маркетинг, е најсилниот збор во англискиот јазик. За обичниот потрошувач тој претставува мала победа над системот, срочена во изјава од типот: „добро поминав“. Компаниите зборот "Free" го употребуваат како алатка со која се обидуваат да се пробијат низ пазарната конкуренција во борбата за купувачите.
УПРАВУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕТО
Управуањето со знаењето може да функционира само во атмосфера на доверба. Сe уште постојат компании во кои луѓето взаемно се почитуваат и се среќни ако со некого можат да го поделат она што го знаат...
ДИЛЕРИ ЗА ПЛИНСКИ ШПОРЕТИ
Побарувачка:
Адреса: Đure Domonji 22, 22300 Стара Пазова, Србија
Тел: 38163409105, 38122313364 Факс: 38122313364, 38122313364
e-mail: nenovaleks@sezampro.yu
ХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДРШКА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ
Кралството Холандија веќе подолг период има посебни програми за поддршка на малите и средни бизниси за кои можат да аплицираат и македонските претпријатија. Станува збор за четири програми, а Aмбасадата на Кралството Холандија во Македонија посочува дека им стои на располагање на заинтересираните компании околу презентирањето на овие програми и обезбедувањето дополнителни информации за начинот и условите за аплицирање.
Отворен сервисно-продажен центар на IVECO ИТАЛИЈАНСКИТЕ КАМИОНИ КАКО ДОМА И ВО МАКЕДОНИЈА
Новиот сервисно-продажен центар на IVECO што деновиве го отвори во Скопје компанијата КАРГОМАКС, кој воедно е и најголемиот ваков центар за камиони во Македонија, е со површина од 2.100 м2 покриен простор, изграден е според најновата технологија, со најсовремени материјали со европски квалитет и во целосна согласност со стандардите на IVECO.
И по 20 години СЛОВЕНИЈА ДОМИНИРА НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ПАЗАР
Словенија и после 20 године по распаѓањето на СФРЈ ја задржа доминантната позиција на поранешниот југословенски пазар, на кој денес остварува суфицит од 1,3 милијарди евра. Тоа и е повеќе од доволно да го покрие дефицитот од 1,1 милијарда евра, што го има во размената со земјите од Европската унија
НОВАК ЃОКОВИЌ И ДОНЕСЕ НА СРБИЈА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА
Српската Електропривреда постигна спогодба со кинеските компании China Environmental Energy и Shenzhen Energy Group за вложување на повеќе од две милијарди евра. Најголема заслуга за доаѓањето на Кинезите има тенисерот Новак Ѓоковиќ, кому кинескиот мултимилијардер, сопственик и на брендот Sergio Tacchini, му е еден од најголемите спонзори
ЗЛАТОТО НОВ БАЛОН ОД САПУНИЦА?
Експертите предупредуваат дека пазарот на злато е во рацете на шпекуланти и дека евентуално наглото паѓање на цената би можело да направи сегашниот инвестициски бум да се претвори во најголемиот балон од сапуница, чие пукање ќе им донесе на инвеститорите огромни загуби
FAO прогнозира ПОВЕЌЕ ЖИТО – ЦЕНИТЕ ВИСОКИ
Светското производство на жито, заради зголемената сеидба и подобрите приноси, се очекува годинава да достигне рекордно ниво, но цените ќе останат високи поради малите залихи, објави неодамна Агенцијата за храна на Обединетите нации. Во првата годинашна прогноза FAO, исто така, предвидува дека годинава во светот ќе се произведат 2,315 милијарди тони житарици, што е за 3,5 проценти повеќе од лани, кога производството се намали за еден отсто
Најголемите банки во светот КАПИТАЛОТ СЕ СЕЛИ НА ИСТОК
Светскиот банкарски систем својата моќ се повеќе ја пренесува од запад кон исток. Ова го потврди и годинашново издание на Блумберговата ранг-листа на најголемите банки во светот. Годинава финансиска ѕвезда е Сингапур, со три банки маѓу TOP 10. Голем скок забележа и Канада, има две банки меѓу првите десет. Очекувано, американските банки доживеаа вистински деловен дебакал и само една од нив влезе во престижниот клуб на десетте најголоеми. (повеќе)
ПОЛОВИНА ЕВРОПА ВО online ШОПИНГ
ВИНОТО ГО ОТВОРА СРЦЕТО, НО И ЏЕБОТ
Една од работите за која луѓето со длабоки џебови се подготвени да потрошат вистинско богатство е виното. Кога музичкиот генијалец Моцарт, како голем љубител на музиката, жените и виното, го прашале што би избрал кога би морало да бира меѓу жена и вино, тој малку се замислил, па одговорил – зависи од годините! Но, знаете ли дека најскапото шише вино чини речиси 300.000 долари? (повеќе)
Исповед на американскиот долар ТРАГИ ОД КОКАИН, ФАЛСИФИКАТИ, КРАЖБИ
Американските долари, кои и покрај сите турбуленции со кои се соочуваат последниве години, се уште ги сметаат за валута на светот, или Бенџамините, како што во жаргон ги викаат Американците, имаат и своја не толку весела приказна. Еве неколку неверојатни факти за американските „зеленбачи“...
КОЈ Е ГАЗДА НА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛГ ?
Без разлика што буџетот на САД за 2011 година треба да претставува пат кон одржливост на системот и платниот биланс, во државата со најголема економија во светот и понатаму ќе се генерира дефицит, а националниот долг ќе расте од година во година. Во моментов 14 трилијони долари долг се во рацете на приватните банки на САД, а дури 4,4 трилиони долари од надворешниот долг се во сопственост на странските влади кои купиле трезорски хартии од вредност од САД. (повеќе)