КОЈ Е ГАЗДА НА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛГ ?
Без разлика што буџетот на САД за 2011 година треба да претставува пат кон одржливост на системот и платниот биланс, во државата со најголема економија во светот и понатаму ќе се генерира дефицит, а националниот долг ќе расте од година во година. Во моментов 14 трилијони долари долг се во рацете на приватните банки на САД, а дури 4,4 трилиони долари од надворешниот долг се во сопственост на странските влади кои купиле трезорски хартии од вредност од САД.
Кина
Најнаселената држава во светот во вид на хартии од вредност поседува 891,6 милијарди долари од американскиот долг, што во вкупниот надворешен дојг на САД претставува дел од 20,4 отсто. Кина е најголем носител на американскиот надворешен долг во светот. Со 891,6 милијарди долари, Кина на овој начин има вредност колку што изнесува буџетот на сојузните држави Илиноис ( 630,4 милијарди долари ) и Индијана ( 262,6 милијарди долари ).
Јапонија
Оваа држава поседува 883,6 милијарди долари од надворешниот долг на САД, што е 20,2 проценти од вкупниот надворешен долг. Второрангирана држава на списокот на најзначајните меѓународни доверители на САД е Јапонија, која има повеќе од една петтина од надворешниот долг на Американците. Колкави се овие астрономски бројки зборува фактот дека збирот на буџетите на сојузните држави: Минесота (260,7 милијарди долари), Висконсин (244,4 милијарди долари), Ајова (142,3 милијарди долари) и Мисури (239,8 милијарди долари) изнесува 872,2 милијарди долари, што е помалку од вредносниот пакет што го поседува јапонската влада.
Велика Британија
Обединетото Кралство има 12,4 проценти од надворешниот американски долг, односно 541,3 милијарди долари. Износ е мнгу поголем, на пример, од буџетот на сојузната држава Њуџерси, кој изнесува 483 милијарди долари.
Извозници на нафта
Оваа група држави имаат 218 милијарди долари од американскиот долг, односно 5 проценти. Групата опфаќа 15 држави: Еквадор, Венецуела, Индонезија, Бахреин, Иран, Ирак, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Алжир, Габон, Либија и Нигерија. Како група тие имаат 5 отсто од американскиот надворешен долг. Тоа е еквивалент на комбинацијата на БДП на Небраска (86,4 милијарди долари) и Канзас (124,9 милијарди долари).
Бразил
Земјата што е позната по своите плажи, карневалот и незаузданиот хедонизам, со откуп на 180,8 милијарди долари (4,1 отсто) од американскиот надворешен долг, е петтиот по големина инвеститор во американските трезорски хартии од вредност.
|