1  
 
ДОМА БИЗНИС АДРЕСАР ЗА НАС КОНТАКТ    

 
аБИЗНИС АДРЕСАР
аМЕГУНАРОДНА ПОНУДА
аМАКЕДОНСКА ПОНУДА
аМАКЕДОНСКА ПОБАРУВАЧКА
аМАШИНИ И ОПРЕМА
аБИЗНИС ПАРТНЕРИ
аКРЕДИТНИ ЛИНИИ
аМАРКЕТИНГ
аМЕНАЏМЕНТ
 
МАРКЕТИНГ

МОЌТА НА ЗБОРОВИТЕ

Користете зборови кои продаваат. Не заборавајте дека зборовите имаат моќ, но бараат многу внимание при изборт. Вистински избраните зборови или buzz words, како што се нарекуваат, се зборови кои ги будат чувствата кај луѓето. Тоа се зборови кои предизвикуваат интерес, возбуда и го забрзуваат процесот на акција кај потрошувачите

КРЕАТИВНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ

Да се биде различен одамна е еден од главните предуслови за успех во сите сегменти на пазарот. Тоа не е цел само на големите брендови, туку и секојдневна стратегија меѓу познатите музички имиња. Да се има одлична песна и видео спот веќе не е доволно за да се биде in, па ако сакате песната цел ден да ви се врти по домовите, канцелариите, автомобилите, и да имате неколку илјади постирања на Facebook  ви треба покреативна и покреативна стратегија.

ЗАБОРАВЕТЕ ГО СЕКСОТ НА ПРВАТА СРЕДБА

Според истражувањата на Американското здружение за директен маркетинг USDMA, e-mail маркетингот е најсилната алатка на директниот маркетинг, бидејќи на секој потрошен долар враќа 43 долари. „Заборавете го сексот на првата средба, односно очекувањата дека ќе го убедите клиентот да го купи вашиот производ или услуга со првиот e-mail. Бизнисот се темели на интерес, а не на емоции. За да се постигне меѓусебната доверба прво е потребно „вљубување“, значи, потребно е време“,изјави неодамна маркетиншкиот гуру  Michael Leander на една конференција за e-mail маркетинг одржана во Загреб. (повеќе)

ПРЕМАЧКАНИ СО
СИТЕ БОИ


„Ми се допаѓа овој автомобил, миличок. Кој мила? Овој...овој црвениов„! Можеби овој разговор ќе ви изгелда како дел од брачните води, но во светот постојат илјадници научни студии и една цела гранка во маркетингот кои ги проучуваат значењето и влијанието на боите врз однесувањето на луѓето во животните ситуации, како и врз однесувањето на луѓето како потрошувачи. Боите се битен елемент во маркетиншкото комуницирање меѓу производот и купувачот. Постојат корелации меѓу одделни бои, групи потрошувачи и производот
и услугата.(повеќе)

Бомба од Durex
ТУНЕЛ ВО КОЈ ТРЕБА ДА ВЛЕЗЕТЕ СИГУРНО

Велат дека сексот продава се. Во случајот на Durex тоа може да се сфати буквално. И додека голем број душогрижници се крстат и со левата и со десната рака пред да влезат во овој тунел, изгледа дека Французите немаат проблем со овој вид душогрижници... Или сево ова е само успешна фотомонтажа од Durex која го обиколи светот?...(повеќе)

Герила маркетинг
FREE – ЗБОР КОЈ ГИ ОТВОРА ПАРИЧНИЦИТЕ


"Free" или „бесплатно“, според тврдењето на експертите за маркетинг, е најсилниот збор во англискиот јазик. За обичниот потрошувач тој претставува мала победа над системот, срочена во изјава од типот: „добро поминав“. Компаниите зборот "Free" го употребуваат како алатка со која се обидуваат да се пробијат низ пазарната конкуренција во борбата за купувачите.

МЕНАЏМЕНТ

УПРАВУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕТО

Управуањето со знаењето може да функционира само во атмосфера на доверба. Сe уште постојат компании во кои луѓето взаемно се почитуваат и се среќни ако со некого можат да го поделат она што го знаат...

 

 

Во пресрет на Денот на вљубените, Електролукс спроведе истражување за навиките поврзани со готвењето

55% од Европејците готват за да заведат

Старата  изрека дека до срцето се стигнува преку стомакот изгледа се покажува како точна. Според истражувањето кое го спроведе компанијата Електролукс, преку 55 отсто од Европејците ги користеле своите кулинарски вештини во обид да го импресионираат потенцијалниот партнер или партнерка. Полјаците се покажале со најголемо искуство во заведувањето преку готвење - дури 81% од нив готвеле за да заведат, а 30% тоа го правеле повеќе пати.

Покрај тоа, 27% од испитаниците се имаат обидено да ја употребат нивната ‘магија’ во кујната за да се натпреваруваат со пријател или друг член од семејството. Ваквата забава во кујната со цел да се заведе е најчест начин во Италија (42%) и во Русија (44%).

Сепак, ваквата забава дома може понекогаш да биде и прилично стресна. Речиси 40% од испитаниците признале дека направиле комплетен хаос од рецептот кој го приготвувале, до тој степен што не биле во можност да го послужат. Ова укажува дека за 53% од испитаниците, каде презентација е исто толку важна колку и вкусот, готвењето е и огромен стрес.

"Оваа студија е фасцинантен увид во начинот како кујната се користи да се заведе партнерот, но и во тоа колку е важна улогата на кујната во животот на луѓето", вели Хенрик Ото, претседател на Глобал Дизајн центарот во Електролукс.

Истражувањето го спроведе независната истражувачка куќа Bonamy & Finch во име на Електролукс, на примерок од 11.000 испитаници од 11 европски земји: Австрија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

 


Подготовка на совршена вечера за Денот на вљубените

За оние кои сакаат да ги подобрат своите перформанси во готвењето и да го намалат стресот заради страв од неуспех, Електролукс им го препорачува Inspiro Oven. Оваа паметна фурна сама ја утврдува точната потребна температура за јадењето кое се подготвува во неа и го одбира соодветниот режим на работа (печење, грил или комбинација).

 

Според Кристијан Митермајер, професионален готвач со многу престижни награди и член на Jeune Restauranteurs d’ Europe, Електролукс со Inspiro успеал да ги пренесе техниките на професионалното готвење во домот на потрошувачот. “Интуитивниот систем на Electrolux Inspiro Oven овозможува секое јадење да биде подготвено до совршенство”, вели Митермајер.

Исто така, Inspiro Oven е изгласана за еден од шесте најдобри производи за минатата година, од страна на Good Housekeeping Institute, во конкуренција на преку 600 производи од категоријата GHI Tried & Tested, меѓу кои Electrolux Inspiro Oven е единствениот кујнски уред.

 

 

 

 

 

1

ХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДРШКА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ


Кралството Холандија веќе подолг период има посебни програми за поддршка на малите и средни бизниси за кои можат да аплицираат и македонските претпријатија. Станува збор за четири програми, а Aмбасадата на Кралството Холандија во Македонија посочува дека им стои на располагање на заинтересираните компании околу презентирањето на овие програми и обезбедувањето дополнителни информации за начинот и условите за аплицирање.

1

Отворен сервисно-продажен центар на IVECO
ИТАЛИЈАНСКИТЕ КАМИОНИ КАКО ДОМА И ВО МАКЕДОНИЈА

1Новиот сервисно-продажен центар на IVECO што деновиве го отвори во Скопје компанијата КАРГОМАКС, кој воедно е и најголемиот ваков центар за камиони во Македонија, е со површина од 2.100 м2 покриен простор, изграден е според најновата технологија, со најсовремени материјали со европски квалитет и во целосна согласност со стандардите на IVECO.

1

И по 20 години
СЛОВЕНИЈА ДОМИНИРА НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ПАЗАР

1Словенија и после 20 године по распаѓањето на СФРЈ ја задржа доминантната позиција на поранешниот југословенски пазар, на кој денес остварува суфицит од 1,3 милијарди евра. Тоа и е повеќе од доволно да го покрие дефицитот од 1,1 милијарда евра, што го има во размената со земјите од Европската унија

1

НОВАК ЃОКОВИЌ И ДОНЕСЕ НА СРБИЈА ДВЕ
МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Српската Електропривреда постигна спогодба со кинеските компании China Environmental Energy и Shenzhen Energy Group за вложување на повеќе од две милијарди евра. Најголема заслуга за доаѓањето на Кинезите има тенисерот Новак Ѓоковиќ, кому кинескиот мултимилијардер, сопственик и на брендот Sergio Tacchini, му е еден од најголемите спонзори

1

ЗЛАТОТО НОВ БАЛОН ОД САПУНИЦА?

1Експертите предупредуваат дека пазарот на злато е во рацете на шпекуланти и дека евентуално наглото паѓање на цената би можело да направи сегашниот инвестициски бум да се претвори во најголемиот балон од сапуница, чие пукање ќе им донесе на инвеститорите огромни загуби

1

FAO прогнозира
ПОВЕЌЕ ЖИТО – ЦЕНИТЕ ВИСОКИ


Светското производство на жито, заради зголемената сеидба и подобрите приноси, се очекува годинава да достигне рекордно
ниво, но цените ќе останат високи поради малите залихи, објави неодамна Агенцијата за храна на Обединетите нации. Во првата годинашна прогноза FAO, исто така, предвидува дека годинава во светот ќе се произведат 2,315 милијарди тони житарици, што е за 3,5 проценти повеќе од лани, кога производството се намали за еден отсто

1

Најголемите банки во светот
КАПИТАЛОТ СЕ СЕЛИ НА ИСТОК

1Светскиот банкарски систем својата моќ се повеќе ја пренесува од запад кон исток. Ова го потврди и годинашново издание на Блумберговата ранг-листа на најголемите банки во светот. Годинава финансиска ѕвезда е Сингапур, со три банки маѓу TOP 10. Голем скок забележа и Канада, има две банки меѓу првите десет. Очекувано, американските банки доживеаа вистински деловен дебакал и само една од нив влезе во престижниот клуб на десетте најголоеми. (повеќе)

1

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ВО online ШОПИНГ

1 Online продажбата во Европа продолжува со брзиот раст и во 2011 година. Ланскиот скок на 81 милијарда евра, се очекува годинава да се зголеми за 13 проценти и да достигне 92 милијарди евра. Трендот на пораст ќе продолжи и следните неколку години, при што очекувањата се стапката да биде двоцифрена. Навистина оптимистички. Според aналитичарите на oмпанијата Forrester, online продажбата до 2015-та, од година во година ќе се зголемува за 10 проценти, а растот првенствено ќе биде поттикнат со продажбата на електроника за широка потрошувачка, како и на облека и чевли. (повеќе)
1

ВИНОТО ГО ОТВОРА
СРЦЕТО, НО И ЏЕБОТ

1Една од работите за која луѓето со длабоки џебови се подготвени да потрошат вистинско богатство е виното. Кога музичкиот генијалец Моцарт, како голем љубител на музиката, жените и виното, го прашале што би избрал кога би морало да бира меѓу жена и вино, тој малку се замислил, па одговорил – зависи од годините! Но, знаете ли дека најскапото шише вино чини речиси 300.000 долари? (повеќе)

1

Исповед на американскиот долар
ТРАГИ ОД КОКАИН, ФАЛСИФИКАТИ, КРАЖБИ

1Американските долари, кои и покрај сите турбуленции со кои се соочуваат последниве години, се уште ги сметаат за валута на светот, или Бенџамините, како што во жаргон ги викаат Американците, имаат и своја не толку весела приказна. Еве неколку неверојатни факти за американските „зеленбачи“...

1

КОЈ Е ГАЗДА НА АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛГ ?

1Без разлика што буџетот на САД за 2011 година треба да претставува пат кон одржливост на системот и платниот биланс, во државата со најголема економија во светот и понатаму ќе се генерира дефицит, а националниот долг ќе расте од година во година. Во моментов 14 трилијони долари долг се во рацете на приватните банки на САД, а дури 4,4 трилиони долари од надворешниот долг се во сопственост на странските влади кои купиле трезорски хартии од вредност од САД. (повеќе)

1
`