БОРБАТА ЗА КЛИЕНТИ – ИГРА ЗА НАЈИЗДРЖЛИВИТЕ
Во денешното бизнис опкружување борбата за секој клиент многу често е немилосрдна, а ако планирата на конкуренцијата да и украдете некоја голема риба, таа ќе биде и долготрајна и исцрпувачка борба. Играјте на магијата на попустите и дополнителните услуги. Искористете ги слабите страни на конкуренцијата, ваша шанса е и нејзината опиеност од успехот, активниот пристап и покажаниот интерес клиентите знаат да го ценат. Направете прецизна и професионална презентација, успехот на продажбата често зависи од пораката што ја испраќа излогот. Немојте да се откажувате, но внимавајте на тенката линија меѓу упорноста и здодевањето.
Испланирајте го нападот. Ако веќе сте одлучиле кој потенцијален клиент сакате да го нападнете, изградете ја својата стратегија за негово превземање. Запрашајте се зошто клиентот би преминал кај вас, односно што вие му нудите, а конкуренцијата не? Дефинирај те ги потенцијалните бенефиции што би ги добил работејќи со вас и испратете му ги во понудата за соработка или презентирајте му ги во директна средба, при што покрај понудата можете да му ја претставите и фирмата. Добра метода во овој прв чекор е да ангажирате и други соработници или колеги, кои можеби полесно можат да стапат во контакт со избраниот клиент и да го направат првиот чекор. На клиентите кои сакате да ги освоите понудете им ги недвосмислено сите попусти за производите и услугите, за да им помогнете во носењето на позитивната одлука. Не заборавајте на магијата на дополнителните услуги.
Изградете деловни релации. Обидете се да изградите деловни релеции, ваша е тоа да го воспоставите со главната личност за носење на одлуки во компанијата. Внимавајте дали во разговорите се спомнуваат слабите страни на конкуренцијата и искористете ги тие сознанија за да презентирате како вашето претпријатие би се справило со тие проблеми. Секогаш постојат моменти кога релациите добавуваќ/клиент имаат нарушена комуникација или затегнати односи. Овие периоди се вашата шанса за превземање на клиентот од конкуренцијата. Дури и сигурноста што ја глуми конкуренција во своите односи со соодветниот клиент, може да ви биде предност и шанса за да контактирате со него. Додека конкуренцијата спие покажете поактивен пристап и интерес, што клиентите обично знаат да ги ценат.
Презентација. Погрижете се сите писма и понуди за потенцијалните клиенти да бидат добро срочени и професионално напишани. Тие се излогот на вашата компанија, а првиот контакт и чувствата на клиентот за вас, ќе се реализираат преку добро срочената писмена комуникација.
Упорноста и истрајноста на крајот победуваат. Немојте да се откажете. За да придобиете нови клиенти е потребно време, понекогаш и години. Но, одржувањето на комуникацијата на крајот може и да се исплати. Најдобро е клиентот за кој се борите да почувствува дека вие сте му природен избор и затоа овозможете му што полесно да ве контактира. Направете се вашиот телефон или меил да им биде секогаш при рака, но бидете претпазливи, внимавајте на тенката линија меѓу упорноста и здодевањето. |