АМЕРИКАНСКИТЕ ДОЛГОВИ КИНЕСКИ ПРОБЛЕМ
Ако на банката и долгувате 100 долари, тоа е ваш проблем, но ако и долгувате 100 милиони долари, тоа е веќе проблем на банката, оваа изрека беше почетниот мотив на лондонскиот Guardian во коментирот за проблемот на американските долгови кон Кина.
Соединетите Американски Држави и Кина се наоѓаат во чудна економска прегратка, оценува весникот, потсетувајќи дека најбројната земја во светот, откако стана важен глобален економски фактор, заработувачката од евтините стоки продадени на странските пазари ја употребува за купување обврзници од странските влади, а, пред се, од американската.
Во сите овие години на економски бум, Кина на овој начин и позајмуваше пари на Америка за да може да троши повеќе отколку што заработува. Но, денес Кина седи на брдо обврзници, што е загрижувачка ситуација, ако се има предвид огромниот американски дефицит.
Во моментов Кина не може лесно да се ослободи од овој куп хартии од вредност, бидејќи тоа би ја разнишало вредноста на доларот и би ја зголемило недовербата, што воедно би предизвикало огромни штети и во кинеската економија.
|