Economy Pres е еден од првите независни приватни весници во Република Македонија. Првиот број датира од 1991 година, што значи дека сме дел од оние што ги испишуваа првите страници од независното македонско новинарство. Во сите овие години Economy опстојуваше како двонеделник, печатен во колор техника, при што 90 проценти од тиражот се дистрибуира по пат на претплата.
Низ страниците на ревијата продефилирале, како гости или со свои лични текстови, речиси сите што нешто значат во македонската економија, како и голем број експерти од странство. Страниците на Economy Press беа медиум преку кој голем број успешни менаџери, универзитетски професори, новинари..., ги промовираа своите идеи за економскиот развој на Македонија, афирмирајки го истовремено и независниот карактер на ревијата.
Economy Press ќе остане запаметен и по фактот што за прв пат во Македонија во рамките на едно ревијално списание се презентирани теми од маркетингот и менаџментот, што со текот на времето израсна во своевидна дописна школа, во која голем број македонски бизнисмени научија многу повеќе од основните чекори од овие две најзначајни вештини во управувањето со компаниите.
Останувајќи доследни на авангардноста и предизвиците што со себе ги носи новото време, во 2006 година редакцијата на Economy Press своите основни интереси ги пренасочи кон порталот www.clubeconomy.com.mk, кој претставува првиот бизнис портал во Република Македонија, во кој на еден интерактивен начин го трансформираме искуството на Economy Press во собирањето, систематизирањето и пласирањето на бизнис информациите , правејќи ги подостапни за консументите и давајќи им можност тие директно да учествуваат во изборот на она што го пласираме, истакнувајќи ги своите интереси.
На порталот е претставена и посебна база на податоци за активните фирми во Република Македонија, која опфаќа респектибилен дел од македонското стопанство, што секојдневно се ажурира, зголемува и привлекува голем број посетители и нови членови на Club-от Economy, како што спонтано ја нарековме оваа веб страница, како синоним на ревијата Economy Press, чии читатели се јадрото на овој бизнис портал. |
БИЗНИС АДРЕСАР CLUB ECONOMY
Бизнис адресарот Club Economy го сочинува база од активни претпријатија, која дневно се ажурира и надополнува, претставувајќи еден репрезентативен дел од македонското стопанство. Во базата се направени три класификации: по азбучен редослед, по дејности и по градови, а можноста за вкрстено пребарување ( по азбучен редослед и по дејности; по азбучен редослед и по градови ) овозможува брзо и лесно да се пронајде секоја фирма од базата, што, заедно со точноста на објавените податоци, е основната идејна концепција на Бизнис адресарот Club Economy.
При претставувањето на претпријатијата во електронската база се водевме од идејата да ги сведеме на минимум сите ограничувања. Отстапен е навистина голем простор за презентација на фирмите, кои покрај логотипот можат да објават и фотографии за своето подобро претставување. Истовремено активни се сите објавени mail и www адреси, така што преку нив може директно да се оствари контакт со соодветната фирма или да се отвори нејзиниот www портал.
За оние на кои им е потребно дополнително претставување, постои можност да ја користат специјалната PR презентација, во чие изготвување и дизајнирење може да ги користите услугите на Economy Press. |