Filters
Пребарување
АГРОВИН доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

АГРОВИН – Виница е присутна на македонскиот пазар повеќе од 25 години.

Се занимава со увоз и продажба на големо и мало на трактори, приклучна земјоделска механизација, опрема за сточарство, градинарство, шумарство, лозарство и овоштарство, како и широк асортиман на резервни делови. АГРОВИН има и сопствено производство на дискови брани и сетвоспремачи (кримлери).

АГРОВИН

БРЕНДОВИ

Подетално за компанијата

АГРОВИН

АГРОВИН е овластен застапник на ARMATRAC, FARMTRAC и LS тракторите, но ги продава и сите останати брендови на трактори присутни на македонскиот пазар, како: TAFE, SAME, МAHINDRA, SOLIS, JOHN DEERE, DEUTZ-FAHR, LANDINI, ZETOR, HATTAT, NEW HOLLAND...

Денес АГРОВИН има широк асортиман на производи што им се потребни на земјоделците, како што се:

Нудиме земјоделска механизација од SAVRUKOGLU, KVERNELAND, KAYHAN ERTUGRUL, ORIZZONTI, SENCI, SIMADE, KERISE, AGRON MAG, FPM AGROMEHANIKA, POMAK, UNIFOREST, UNLU, AYDIN, TINAZ, ANIL TARIM, GUMAPLAST-RAU, ZANON, АГРО-БАР...

АГРОВИН нуди широк асортиман на механизација и опрема, вклучувајќи: дискови брани (Х-тип, V-тип; 20Д, 24Д, 28Д), сетвоспремачи (во повеќе димензии, со ротор, со ежови), плугови (755, 756, лозарски, шасиски...), култиватори (култиватор-браздач, со вертикални опруги, со хоризонтални опруги), фрези (тешки, поместливи, за меѓуредна обработка), клинести брани, рамњачи (отворен, затворен тип), садачки за тутун и пипер, ѓубрерастурачи и депозитори за ѓубре, прскалки (кардански, грбни), атомизери (носени, влечени), косачки (ротациони, бочни, задни), мулчери (лесни, со хидраулично поместување, бочни, за полједелство), витла, цепачи на дрва, сенообртачи (сонце, тракаст, балерина), млинови за сточна храна (со мешалка, чекичар, монофазен, трофазен, тракторски), цистерни, балирачки, приколки (тракторски, автомобилски, за мотокопачки), транспортни сандуци, утоварачи (со 1 или 2 клипа), механички редосеалки, машини за садење и вадење на компир, машини за копање дупки, водни пумпи (бензин или дизел), генератори (бензин или дизел), мотокултиватори (бензин или дизел; приклучоци: коса, фреза, браздач, железни тркала, вадач за компир), мотокопачки (бензин или дизел; приклучоци: фреза, железни тркала, браздач, плуг, вадач за компир, приколка, водна пумпа), тримери, молзачки... АГРОВИН нуди и сервис на трактори и механизација.

Наша главна цел е на клиентите да им овозможиме квалитет и брза и професионална услуга со што успешно ќе одговориме на нивните желби и потреби.

agrovin-clubeconomy
agrovin-clubeconomy

ТРАКТОРИ

Агровин е овластен застапник на ARMATRAC, FARMTRAC и LS тракторите, но ги продава и сите останати брендови присутни на македонскиот пазар, како: TAFE, SAME, MAHINDRA, SOLIS, JOHN DEERE, DEUTZ FAHR, LANDINI, ZETOR, HATTAT, NEW HOLLAND...

agrovin-clubeconomy

РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

АГРОВИН нуди широк спектар на резервни делови, вклучувајќи: S-опруги, ралници, шипови, преддаски, ножеви, дискови, куќишта, отстојници, осовини, чистачки, дрвени и метални лежишта, притискачи, плужни даски, носачи-гредери, глави за плуг, тањири за ротациони косачки, држачи, запчаници, кардани, лежишта, синџири за витло, мотикички, плазеви, подлошки, сврдли, игли за сенообртач сонце, тркала за плуг и тракаст сенообртач, шрафовски стоки...

agrovin-clubeconomy
agrovin-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Индустриска бр. 50, 2310 Виница
Град: Виница
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа