Подетално за компанијата
градежната столарија
Компанијата АЛЕ-ДАР ИНЖЕНЕРИНГ се занимава со производство и продажба на алуминиумска и ПВЦ градежна столарија, како: прозорци, влезни и собни врати, комарници, венецијанер ролетни, алуминиумски огради, гаражни врати, надворешни излози... Компанијата е основана во 1998 година и денес располагаме со професионален тим способен да реализира и големи проекти во доменот на градежната столарија.


ПВЦ прозорци и врати
Во производството на ПВЦ прозорци и врати користиме исклучиво профили од реномирани компании, како SALAMNDER и WDS, додека во производствотона алуминиумска градежна столарија, ги употребуваме исклучиво профилите од Alumil. При производството на ПВЦ столарија користиме оков од германскиот производител MACO. Компанијата АЛЕ-ДАР ИНЖЕНЕРИНГ на пазарот ги нуди и вратите од реномираниот производител NOVOFERM, кои ги продаваме заедно со монтажа од наш стручен тим.
генерален застапник и увозник за WDS
АЛЕ-ДАР ИНЖЕНЕРИНГ е генерален застапник и увозник за македонскиот пазар на профилите од украинскиот производител WDS, кои покрај тоа што ги вградуваме во ПВЦ прозорците што ние ги изработуваме, исто така ги продаваме на заинтересирани клиенти и наши соработници. За купувачите на профили организираме достава до нивните погони, како и истоварување на профилите со кран.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Унгарска бр. 31, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија