Подни лакови
Независно дали барате сјај, боја, отпорност на лизгање или трајност, АМПЛАСТ ГРУП е во можност да Ви понуди решение. Ви гарантираме првокласни резултати – убав, траен и лесен за оддржување дрвен под, ако ги користите Bona лаковите.
Компанијата АМПЛАСТ ГРУП дооел од Охрид постои од 2013 година и претставува наследник на АМПЛАСТ доо Охрид, која беше формирана во 1993 година. Во периодот до 2001 година, фирмата се занимаваше со производство на пластична амбалажа, но од октомври 2001-та го проширува своето делување и со трговија на големо со еколошки воденобазирани лакови за дрвени подови.
Ние сме застапници на палетата производи за обработка, заштита и нега на дрвени подови од шведскиот производител Bona AB, кој е бренд број еден во светот кога станува збор за воденобазирани лакови за дрвени подови.
Bona AB е шведска семејна компанија, со стогодишна традиција. Bona AB денес е присутна во повеќе од 70 земји низ целиот свет, преку своите филијали и дистрибутери. Програмата на Bona AB опфаќа производи за инсталирање, оддржување и реновирање на дрвените подови во текот на целото нивно траење. Имаат решенија за професионалци, сопственици на куќи и производители на паркет.
Независно дали барате сјај, боја, отпорност на лизгање или трајност, АМПЛАСТ ГРУП е во можност да Ви понуди решение. Ви гарантираме првокласни резултати – убав, траен и лесен за оддржување дрвен под, ако ги користите Bona лаковите.
Со Bona машините си ја олеснувате работата и се штитите од проблеми. Овие машини се разумна инвестиција, ќе работите поефикасно и вашите муштерии ќе бидат задоволни.
Заживејте го подот !!!
Улица: Ул. Димитар Влахов бр. 35, 6000 Охрид
Град: Охрид
Држава: Македонија