Основна дејност на АРТ МЕТАЛ ДИЗАЈН е производство и преработка на жица и производство на жичани производи, преработка на лим и производство на лимени производи, изработка на лесна браварија, услуги... Во сегментот производи од жица изработуваме: корпи за фрижидери, решетки за рерни, држачи за саксии и голем број други производи.
Сите овие производи ги изработуваме со електроотпорно заварување, што им обезбедува врвен квалитет.
Од лим произведуваме магацински сталажи, полици за продавници, вертикални рекламно-продажни сталажи за рачен алат и за други производи во трговијата на мало. Потоа, производи кои се употребуваат како против пожарна опрема, како хидрантските ормари (ѕидни и надземни), сандаци за песок, ормари за прва помош, за водоводна и парно инсталација, птт сандациња...
Произведуваме и метални сталажи за трговци со моторни масла, сталажи за весници, сталажи за продажба на сокови, кондиторски производи...