
Подетално за компанијата
Компанија BB Classic Cars е единствена во регионот која е сертифицирана за трансформација на автомобилите со конвенционални мотори во автомобили со електрични мотори. Ваквите мотори не го загадува воздухот и овозможуваат заштеда на енергија. Со едно полнење на батеријата може да се помине 100 км, по цена од само половина евро.

штедливи возила на електричен погон
Првично проектот беше замислен да вршиме замена на конвенционални мотори во возилата Fiat 600 / Zastava 750 со електрични мотори, но денес овој проект има многу поширока примена. Така сега иновацијата не се однесува само на сопствениците на класични автомобили, туку за сите луѓе и институции кои сакаат да направат конверзија на своите восила со мотори со внатрешно согорување во еколошки и штедливи возила на електричен погон.


нула емисии на CO2 и ПМ10 честички
Загадувањето на воздухот во Скопје, како и во другите градови во Мкедонија е комплексен проблем. Статистиката е немилосрдна и според последните мерења речиси 30 проценти од вкупното загадување доаѓа од издувните системи на автомобилите. Ова е навистина висок процент што укажува на тоа дека сите треба повеќе да се ориентираме кон употреба на електрични автомобили, електрични автобуси, електрични камиони за испорака и достава, кои имаат нула емисии на CO2 и ПМ10 честички. Токму на ова поле компанијата BB Classic Cars нуди алтернативно решение кое може значително да помогне во намалувањето на овој проблем.
BB Classic Cars веќе направи мал чекор кон подигање на еколошката свест кај нашите сограѓани, институции и сите чинители во државата и потврди дека секој од нас може да придонесе за поздрава околина во која живееме ние и нашите деца.
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Борис Трајковски-7, бр. 85, локал 25, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Мапа
Документи

