Мотивирани од предизвиците да дадеме приоритет на човековото здравје и важноста на овошјето и зеленчукот за здравиот начин на живот, што на сите ни е се повеќе и повеќе потребно, дојдовме до идеја да ја афирмираме аронијата како вистински благодет за човековото здравје.
-
СИЛЕН АНТИОКСИДАНС
Го зајакнува имунитетот и го прави организмот отпорен на вируси и настинки. Ја заштитува кожата од сончеви зраци и помага при зараснување на рани.
-
НАМАЛУВА РИЗИЦИ
Важен за одржување на видот и ја подобрува состојбата на коските, кожата, косата, забите и непцата. Овој витамин е особено важен при лекување на акни и мали брчки. Помага за намалување на нивото на лошиот холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
-
УБЛАЖУВАЧ НА СИМПТОМИ
Го спречува оштетувањето на крвните садови и развојот на срцевите заболувања. Корисен во борба против стресот , ги јакне ѕидовите на крвните садови и ги ублажува дегенеративните промени во мускулите и нервните клетки. Моќен сојузник во борба против стареењето, а во комбинација со други витамини помага за подобра работа на мозокот.
-
ФАКТОР НА ДИШЕЊЕ НА КЛЕТКИТЕ
Разградувач на мастите, протеините и јаглехидратите и поттикнувач на енергијата од храната. Го нарекуваат фактор на раст, односно фактор на дишење на клетките. Игра клучна улога за активирање на витаминот Б6 и фолната киселина. Овој витамин помага во борба против ракот.
-
АНТИОКСИДАНС
Силен антиоксиданс, има изразено антиалергиско и антивирусно својство, ја подобрува циркулацијата и го подобрува тонусот на крвните садови и нивната еластичност. Помага при проширени вени, крварење на непцето, хемороиди, зараснување на рани, лечење на ревматизам, чир...
Подетално за компанијата
БИОМЕЛАН
Проучивме многу научни истражувања и анализи и дојдовме до сознание дека има голем број задоволни конзумирачи на ова овошје, особено во северо-западна Европа, кои од генерација на генерација ги пренесуваат благодетите од аронијата. Тоа беше пресудно да одлучиме да ја донесеме аронијата поблиску до нашите потрошувачи, попристапно и поквалитетно.
За таа цел, во 2015 ја основавме нашата фамилијарна компанија БИОМЕЛАН која се занимава исклучиво со производство на природно, ладно цедени сокови од органско овошје.
Покрај производството на ладно цедени сокови, БИОМЕЛАН поседува и 8 хектари на кои се одгледува органска аронија, која се оддржува со специјализирана механизација и специјализиран берач за аронија. Во целиот процес ги запазуваме сите европски стандарди.

Контакт информации
Адреса
Улица: Село Драслајца бр. 30, 6330 Струга
Град: Струга
Држава: Македонија
Мапа
Документи
