Filters
Пребарување
БРЕГАЛ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата БРЕГАЛ се занимава со трговија на големо:

- Увоз и дистрибуција по маркети на стоки за широка потрошувачка
- Увоз и продажба на машини, резервни делови и репроматеријали за текстилната индустрија
- Набавка на стоки по нарачка од Кина и Турција
Продажба на:
- Заштитни маски за еднократна употреба
- Заштитни маски KN 95 за повеќекратна употреба
- Респираторни заштитни маски FPP 2

Подетално за компанијата

заштитни маски со врвен квалитет

БРЕГАЛ доо од Делчево е компанија која се занимава со трговија на големо и соработува со сите малопродажни ланци на супермаркети и други продавници на стоки за широка потрошувачка. БРЕГАЛ соработува и со фирмите од текстилната индустрија, за кои увезува машини, опрема, резервни делови и репроматеријали.

Годинава почнавме со продажба и на заштитни маски, кои се со врвен квалитет, ги задоволуваат сите стандарди и се максимално безбедни. Во нашата програма се опфатени заштитни маски за еднократна употреба, заштитни маски KN 95 за повеќекратна употреба, како и респираторни заштитни маски CE FPP 2. Во магацинот во Делчево располагаме со залиха од 200.000 заштитни маски.

bregal-clubeconomy

решение за сите предизвици

Четвртиот сегмент во кој е ативен БРЕГАЛ е организирање и реализација на увоз на стоки од Кина и Турција што го изведуваме како услуга за заинтересирани компании.

БРЕГАЛ доо е основано во Делчево во 2005 година. Имаме млад стручен тим способен да најде решение за сите предизвици. Потврда за тоа е фактот што многу брзо се организиравме и на македонскиот пазар ги донесовме најквалитетните заштитни маски, што денес постојат во светот. Исто така, за овие 15 години постоење успеавме да создадеме широка палета на производи, без разлика дали станува збор за трговски ланци или текстилни компании.

bregal-clubeconomy
bregal-clubeconomy

HAND PRODUCTS

Нашата главна цел во работењето е увоз, продажба и дистрибуција на квалитетни производи, со одличен сооднос квалитет – цена и на македонскиот пазар сме веќе познати по нашиот бренд: HAND PRODUCTS. За да можеме на клиентите да им дадеме брза и квалитетна услуга, во Делчево изградивме сопствен магацин од 1.750 метри квадратни, а имаме и соодветен возен парк за дистрибуција на стоките.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Индустриска бр. 5, 2320 Делчево
Град: Делчево
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)33/410 036

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа