Filters
Пребарување
ЕУРО ИНГ доо
Е-пошта: euroing@t.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ЕУРО ИНГ е транспортно шпедитерска компанија со капацитет да реализира и најсложени решенија во патниот транспорт

Подетално за компанијата

БРЗО, ЕФИКАСНО И ДОВЕРЛИВО

ЕУРО ИНГ доо е транспортно шпедитерска компанија која егзистира од 1992 година. Се наоѓа во групата мали претпријатија, основана со приватен капитал. Во моментов има четири максимално професионални вработени, оспособени и обучени да ги извршат и задоволат и најсложените операции и барања на клиентите во доменот на шпедицијата и транспортот.

ЕУРО ИНГ има капацитет на своите клиенти да им реализира и најсложени транспортни решенија, првенствено по копнен пат, при што своевидна гаранција за квалитетот на услугите се и камионите што компанијата ги има во своја сопственост.

euro-ing-clubeconomy
euro-ing-clubeconomy

ТРАНСПОРТНИ УСЛУГИ

  • • FTL (full truck load) – транспорт со камиони со полн товар за домашни и странски добавувања и испорака на стоките со модерна флота на возила од секаков тип и капацитет и можност за транспорт на секаков вид стоки

  • • Frigo trucks – транспорт на стоки со камиони ладилници

  • • Groupage – збирен транспорт со камиони на разновидни стоки

Услугите што ЕУРО ИНГ ги дава во копнениот транспорт се дизајнирани согласно со потребите на клиентите, но тие истовремено се дел и од сложениот систем на тренспортни услуги, што овозможува стоките да бидат пренесени до нивните дестинации на најефикасен можен начин. Посветеноста кон квалитетот и желбата максимално да се задоволат потребите на клиентите придонесе ЕУРО ИНГ да се специјализира за покривање на транспортните услуги првенствено на европскиот континент, при што како позначајни дестинации можат да се издвојат: Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Германија, Австрија, Италија, Словенија, Хрватска...

ДЕЛОВНИ БАНКИ

  • • Охридска Банка АД Охрид

Постоиме за да Ви помогнеме Вашите работи да се завршат брзо, ефикасно и доверливо. Во секое време сме достапни за информација, податоци и совети
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Сирма Војвода бр. 44 б, 6000 Охрид
Град: Охрид
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Билјана Пумпалоска +389 (0)75/212 385
Марија Лазароска +389(0)75/261 940


Мапа