Filters
Пребарување
ЕВТИНИЈА дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕВТИНИЈА се занимава со увоз и преработка на сите видови кафе

Производител на PELLA cafe
Производител на PORTOFINO espresso кафе по рецепт на старите италијански мајстори

Подетално за компанијата

ЕВТИНИЈА

Компанијата ЕВТИНИЈА е познато име на пазарот по увоз и преработка на сите видови кафе. Почнавме во далечната 1993 година, како мало претпријатие кое се занимавше со печење на кафе за приготвување на таканареченото турско кафе. После 10 години континуирано растење и стекнување на потребното искуство во преработката на кафе, на македонскиот пазар го промовиравме нашиот прв бренд Pella cafe, со препознатлив вкус, богата арома, модерна впечатлива амбалажа и врвен квалитет. Pella cafe се произведува од специјално селектирани зрна кафе, со специфично усогласен микс на ароми и вкусови и посебен начин на печење и мелење, што е главната причина зошто денес е еден од најбараните брендови кафе на македонскиот пазар.

evtinija-clubeconomy
evtinija-clubeconomy

производство на espresso кафе

Во 2014 година започнавме со производство на espresso кафето, по рецепт на старите италијански мајстори и денес сме најголеми производители на овој вид кафе во Македонија. Денес ЕВТИНИЈА е единствена компанија во државата која увезува повеќе од 20 видови зелено кафе од 10 земјо во светот, а директно увезуваме и инстант кафе и какао. Зелено кафе увезуваме од: Бразил, Виетнам, Индија, Танзанија, Уганда, Етиопија, Колумбија, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва, Гватемала, Кенија, Индонезија, Кина и Перу, додека инстант кафе увезуваат од Мексико.

Хондурас арабика

Искуството што го стекнавме во производство на espresso кафе, како и употребата исклучиво на најквалитетни сорти на зелено кафе, меѓу кои и Хондурас арабика, ни овозможи на пазарот да понудиме една несекојдневна услуга – производство на ESPRESSO кафе со ваше лого, што е нов маркетиншки тренд во светот.

evtinija-clubeconomy
Денот нека започне со Pella cafe!
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Битолска бр. 13, 7240 Демир Хисар
Град: Демир Хисар
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Пеце Грујовски


Мапа