
Подетално за компанијата
Се што ви е потребно за заштита при работа
Компанијата ФМ ПРОТЕКТ на пазарот е присутна во сегментот безбедност при работа, нудејќи исклучиво висококвалитетни, сертифицирани производи.
Нудиме шиена програма која се произведува во Македонија исклучиво од увозни сертифицирани материјали и сме меѓу ретките кои за сите модели, даваме гаранција од 80 перења.
Располагаме со неколку специјално дизајнирани колекции, кои се развиени со нашето искуство при одговор на барањето на коминтентите. Можеме да изработиме модели и на ваше барање, односно да дефинираме модели во зависност од потребите и барањата на клиентите, во зависност од спецификите во различни работни средини.
Во интерес на целосно задоволување на потребите на клиентите работиме и со повеќе светско докажани производители на различни производи за обезбедување максимална безбедност при работа. Во овој сегмент нудиме производи за заштита на тело, за заштита на раце, заштита на нозе, заштита на глава, заштита од пад... Можеме да се пофалиме дека сме меѓу ретките компании кои имаат на располагање доволни количества разновиден асортиман на лагер, за брза услуга на клиентите.

искуство
Иако сме млада компанија, имаме големо знаење и експертиза во областа на заштита при работа. Ние го користиме ова искуство за да им обезбедиме на компаниите и на поединците квалитетни и иновативни производи на кои навистина може да им веруваат. Постојано инвестираме во знаење и едукација со цел подобро да ги препознаеме и решиме проблемите со кои се соочуваат клиентите. Бидете сигурни дека за вас секогаш ќе го обезбедиме апсолутно најдоброто решение.


ЗАШТИТА НА ТЕЛО
Нудиме голем избор на модели и тоа: летни одела, зимски одела, униформи, еднократни одела, водоотпорни одела, огноотпорни одела, антистатични одела, одела за висока видливост...


ЗАШТИТА НА ГЛАВА
Во оваа категорија нудиме: капи, шлемови, аспираторна заштита, заштита за очи и лице, заштита за слух...
ЗАШТИТА НА РАЦЕ
Во оваа категорија се вклучени: кожени ракавици, метални ракавици, текстилни ракавици, гумени-латекс ракавици, нитрилни ракавици, ракавици за еднократна употреба


ЗАШТИТА НА НОЗЕ
Во оваа група се вклучени: високи чевли, ниски чевли, чизми и кломпи. Во зависност од нивото на заштита можеме да ги понудиме сите нивоа, од S1 до S5 и од О1 до О3.
ЗАШТИТА ОД ПАД
Понудата опфаќа разновидни појаси со повеќе точки на врзување, разни карабинери, јажиња со различни должини и слично


Да бидеме заштитени
Во сегашниве услови на Корона здраствена криза ФМ ПРОТЕКТ обезбеди и спецјална програма од заштитни визири, KN95 / N95 / FFP2 заштитни маски (со и без филтер), трослојни цивилни заштитни маски, заштитни очила, скафандери, дезинфициенси... Сите производи се со СЕ сертификат на готов производ. Екстра цени. Брза испорака.
Контакт информации
Адреса
Улица: ТЦ 13 Ноември , лок. 8, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија