Filters
Пребарување
ВВМ ГД ТИКВЕШ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Од Винова лоза, до грозје, па до вино...

Винарска визба Милев ГД ТИКВЕШ има капацитет за производство на 6,2 милиони литри вино, со тенденција на зголемување до 10 милиони литри. 95% од производство е наливно вино за извоз, додека 5% е флаширано вино за домашниот пазар.

Винаријата располага со широка палета сорти на грозје од сопствени лозови насади и годишно произведува околу 9.500.000 килограми квалитетно винско грозје 

...Шише извонредно вино на крајот од денот! 

Подетално за компанијата

Во ГД Тиквеш ние работиме како еден тим.
Од Винова лоза, до грозје, па до вино, тимски обединети да ја оствариме нашата заедничка цел, ...Шише извонредно вино на крајот од денот!

 

Винарска визба Милев ГД ТИКВЕШ

Винарска визба Милев ГД ТИКВЕШ има капацитет за производство на 6,2 милиони литри вино, со тенденција за зголемување до 10 милиони литри во следните три години. Дури 95 проценти од вкупното производство е наливно вино за извоз, додека 5 проценти е флаширано вино за домашниот пазар. Во винската колекција на ГД ТИКВЕШ се наоѓаат вина произведени во строго контролирани услови, од внимателно избрани сорти и различни клонови, одгледувани на надморска височина од 200 до 450 метри.

Види повеќе
400x270

УМЕТНОСТ ОД ВИНО

Суштина на нашето работење е верувањето дека создавањето одлични вина е уметност која почнува во лозјето. Винаријата располага со широка палета сорти на грозје од сопствени лозови насади, што ни овозможува да имаме контрола врз квалитетот на грозјето, пресудно за да се добие висококвалитетно вино. ГД ТИКВЕШ годишно произведува околу 9.500.000 килограми квалитетно винско грозје, од година во година ги зголемуваме лозовите насади и постојано воведуваме нови сорти кои пред тоа се тестирани од нашиот стручен тим.ГД

Види повеќе
400x270
Потребна е ретка комбинација на почва, клима и грозје за виното да го открие својот вистински карактер. Но тоа е наша работа. На Вас останува само да го одберете вистинското ГД Тиквеш вино за моментот!

 

ТРАДИЦИЈА

ГД ТИКВЕШ бележи повеќе од 60 години традиција во одгледувањето винова лоза. До 1998 година бевме дел од поранешниот Агрокомбинат Тиквеш, а веќе од 1999 година функционираме како самостоен ентитет. Традицијата на континуиран раст и развој продолжува низ годините со инвестирање во винарскиот сектор, односно реализиција на проектот нова сопствена винарија, кој се реализира во 2013 година.

Види повеќе
400x270
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: ВИНАРИЈА
Село Трстеник, 1422 Росоман, Кавадарци
ВИНОТЕКА
Ул. Шишка бр. 2, 1430 Кавадарци
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа