Filters
Пребарување
ГЕНЦ КОМЕРЦ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ГЕНЦ КОМЕРЦ се занимава со продажба на подни облоги, на големо и мало

- Ламинати
- Теписи
- Теписони
- Линолеум
- Винил
- Изолации за подни облоги

Богата понуда, наша монтажа

Подетално за компанијата

ГЕНЦ КОМЕРЦ

Компанијата ГЕНЦ КОМЕРЦ од Струга се занимава со продажба на подни облоги, на големо и мало. Сите овие години успеавме да воспоставиме добра соработка со повеќе брендови во овој сегмент од ентериерното уредување, а особено сме горди на понудата што ја имаме од неколку брендови од Белгија и Турција. ГЕНЦ КОМЕРЦ располага со современ продажен салон во Струга во кој во секој момент може да ги најдете сите производи од нашата палета, како и да направите порачка за некои ваши поспецифични желби.

genc-komerc-clubeconomy
genc-komerc-clubeconomy

MERINOS

Основното мото во нашата работа е да понудиме производи со висок квалитет, без разлика дали станува збор за екстравагантна понуда или за подни облоги достапни за поширок број потрошувачи. Во ГЕНЦ КОМЕРЦ секогаш ќе добиете производ со најдобар сооднос меѓу квалитетот и цената.

Располагаме со голем избор на теписи од компанијата MERINOS, во најразлични димензии, изработени од природни материјали, со модерен дизајн и висок квалитет. Богата е понудата и на теписони и сите се изработени од познати производители на овие простори.

BALLTERIO

Што се однесува за ламинатите го нудиме белгискиот бренд BALLTERIO и тоа во повеќе од 50 декори, во разни димензии и дебелина од 7 мм, 8, 9, 12, и 14 мм. Во нашата понуда се и ламинати од турскиот бренд FLOORPAN, кој го имаме во повеќе декори и дебелини. Понудата на ламинати е заокружена и со неколку кинески брендови, кај кои за помала цена исто така се добива висок квалитет. Есклузивната понуда на ламинати ја заокружува белгијскиот бренд QUICK STEP, од кој ги имаме и таканаречените винил ламинати за винил подови, кои се новина на пазарот.

genc-komerc-clubeconomy
Понудата на ГЕНЦ КОМЕРЦ е заокружена со сите материјали што се потребни за изработка на еден модерен под, како и повеќе видови изолација и подлоги за монтажа и средства за одржување на подните облоги.

Деловен објект за изнајмување

Компанијата ГЕНЦ КОМЕРЦ располага со деловен објект во Струга кој го нуди за изнајмување.

Објектот се наоѓа во мини бизнис зоната, веднаш до главната автобуста станица и терминалот во Струга. Има идеална местоположба, поврзана со сите делови од градот. Објектот има приземје и спрат и располага со 7.000 метри квадратни. Може да се подели, во зависност од потребите и барањата на закупецот. Објектот има два главни влеза и паркинг простор од 6.000 метри квадратни.

genc-komerc-clubeconomy
genc-komerc-clubeconomy
genc-komerc-clubeconomy
genc-komerc-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Маршал Тито бр. 104, 6330 Струга
Град: Струга
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа