Filters
Пребарување
ХЕРАФАРМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ХЕРАФАРМ се занимава со производство на чаеви

- Билни домашни чаеви
- Овошни чаеви
- Зелени чаеви

Подетално за компанијата

 
БИДЕТЕ ЕДНО СО ПРИРОДАТА!

ХЕРАВИТА

 

ХЕРАВИТА чаевите се произведени од квалитетни и грижливо бирани суровини, имаат пријатен вкус, арома и лековито дејство. Можат да се употребуваат за уживање и релаксација во студените зимски денови, во лето за освежување, наутро за будење, а навечер за опуштање и мирен сон. ХЕРАВИТА е брендот чаеви во филтер врекички кои ги произведува компанијата ХЕРАФАРМ од Радовиш.

Го нудиме она што природата ни го подарува на овие простори: богаство и висок квалитет на лековити билки кои растат во чиста недопрена природа, далеку од секој потенцијален загадувач. Тимот на ХЕРАФАРМ живее со природата, секојдневно учи од неа и таа е дел од нашите чаеви, од што всушност произлезе и мотото на брендот ХЕРАВИТА – БИДЕТЕ ЕДНО СО ПРИРОДАТА!

Нашите обучени добавувачи грижливо ги собираат одбраните видови билки со висок квалитет, без пестициди, адитиви и конзерванси од кои настануваат чаевите ХЕРАВИТА. Ние во ХЕРАФАРМ внимателно ги работиме рецептите за да може нашите чаеви да бидат лесни и со вкус добар за секого.

Асортиманот на брендот ХЕРАВИТА го сочинуваат:
- Традиционални домашни чаеви од лековити билки: НАНЕ, КАМИЛИЦА, ШИПКА, КОПРИВА, ХИБИСКУС
- Овошни чаеви: ШУМСКО ОВОШЈЕ, ДИВА ЦРЕША, БОРОВИНКА, ПОРТОКАЛ, ЈАБОЛКО, ЈАГОДА

Чаевите ХЕРАВИТА се произведени во согласност со барањата за производство на безбедна храна и сертифицирани со НАССР сертификат.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Населба Раклиш, 2420 Радовиш
Град: Радовиш
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт