Filters
Пребарување
ХОТЕЛ ТИНО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ХОТЕЛ ТИНО ОХРИД - нов, модерен, атрактивен хотел, сместен на кејот на Охридското Езеро, на само 600 метри од центарот на Охрид, со одличен поглед на езерото, модерно опремени големи соби, ресторан, современ SPA центар, бесплатен паркинг, бесплатен WiFi интернет...

ХОТЕЛ ТИНО СВЕТИ СТЕФАН - вистинско место за одмор и опуштање, на самиот брег на Охридското Езеро, удобни соби со балкон со поглед на езерото, ресторан со европска и традиционална македонска кујна, wellness центар со внатрешен и надворешен базен, бесплатен WiFi интернет, паркинг...

Подетално за компанијата

ХОТЕЛ ТИНО ОХРИД

ХОТЕЛ ТИНО ОХРИД е нов, модерен, атрактивен хотел, сместен во древниот Охрид, на кејот од Охридското Езеро, само 600 метри од центарот на градот. Хотелот е во рангот на угостителски објекти со четири ѕвезди, дизајниран да ги задоволи сите стандарди и желби на гостите. Нуди прекрасен поглед на езерото и е омилено место на посетителите на Охрид, буквално во сите периоди од годината.

ХОТЕЛ ТИНО ОХРИД има модерни, убаво уредени комфорни соби, бесплатен паркинг опремен со сигуносни камери. Во ресторанот на хотелот се служат јадења од традиционалната македонска кујна, како и јадења од изворната италијанска и другите европски кујни. Хотелот има модерен целосно опремен SPA центар, со базен за хидромасажа, термална купка, сауна, парна бања, како и современо опремени студија за масажа, релаксација и козметички третмани.

ХОТЕЛ ТИНО ОХРИД е отворен во текот на целата година, рецепцијата работи 24 часа дневно и целиот објект е покриен со WiFi бесплатен интернет.

hotel-tino-clubeconomy

ХОТЕЛ ТИНО СВЕТИ СТЕФАН

ХОТЕЛ ТИНО СВЕТИ СТЕФАН е вистинско место за одмор и опуштање, се наоѓа во месноста Св. Стефан, на самиот брег на Охридското Езеро. Хотелот има четири ѕвезди, сите соби имаат балкон со поглед на езерото, кое се наоѓа на само 50 метри. Соби се опремени со клима уред, телевизор со рамен екран, бања, мини бар...

Храната е одлична и со многу различни содржини. Во ресторанот на ХОТЕЛ ТИНО СВЕТИ СТЕФАН ќе уживате во прекрасните специалитети од традиционалната македонска кујна, но и од италијанската и европската кујна и притоа ќе имате поглед на езерото кој го одзема здивот.

Wellness центарот го сочинува внатрешен и надворешен базен, сауна, парна бања, Jacuzzi, фитнес центар, како и најсовремено опремени студија за масажа, релаксација и козметички третмани. Надворешниот базен има и бар со пристапни цени и одличен погле на Охридското Езеро и залезот на сонцето.

Дојдете и уживајте во убавината на Охридското Езеро и удобноста и услугите на нашите хотели. Ќе се обидеме да го направиме Вашиот престој најубав.

hotel-tino-clubeconomy
hotel-tino-clubeconomy

Сместување

Види повеќе →
hotel-tino-clubeconomy

Спа Центар

Види повеќе →
hotel-tino-clubeconomy

Плажа

hotel-tino-clubeconomy

Ресторан

Види повеќе →
hotel-tino-clubeconomy

Листа на Јадења

Види повеќе →
hotel-tino-clubeconomy

Винска Карта

Види повеќе →
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Кеј Маршал Тито бр. 55, 6000 Охрид
Град: Охрид
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)46/230 450

+389 (0)46/261 665

+389 (0)46 209 340 - Хотел Тино Св. Стефан

+389 (0)71/352 706 - Хотел Тино Св. Стефан

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа