Подетално за компанијата
Компанијата ИНСА ВОДАИНЖИЊЕРИНГ од Велес е застапник за македонскиот пазар на реномираните српски компании ИНСА АД Индустрија сатова, Белград и АКВА ИНТЕРМА ИНЖЕНЕРИНГ, Белград. Ова и овозможува на македонскиот пазар да ги понуди најсовремените водомери кои ги задоволуваат сите европски стандарди, потоа сите видови часовници од производната програма на ИНСА Белград, како широка палета на уреди и опрема за третман на вода.
ВОДОМЕРИ
Водомерите на ИНСА Белград се произведени во согласност со сите европски регулативи и претставуваат одлично решение, како за станбени објекти, така и при мерење на потрошувачката на вода во индустриски капацитети. Водомерите се исклучително прецизни, припремени за употреба во систем за даличинско отчитување.


АДО СИСТЕМИ
ИНСА ВОДАИНЖИЊЕРИНГ на македонскиот пазар продава програма за далечинско отчитување на водомери, таканаречени АДО СИСТЕМИ, кои се производ на стручниот тим на ИНСА Белград. Овој систем овозможува за само осум секунди да се отчитаат водомерите во цела станбена зграда. Системот има и аларм на детекција на пукната цевка или протекување, како и аларм за манипулација со броилото.
ТРЕТМАН НА ВОДА
Во овој сегмент од својата активност ИНСА ВОДАИНЖИЊЕРИНГ нуди опрема и уреди за третман на водата за пиење произведени од белградската компанија АКВА ИНТЕРМА ИНЖЕНЕРИНГ. Станува збор, пред се, за опрема за дезинфекција на вода, за гасно хлорирање, дозирни системи, автоматска контрола на хлорирање и мерни уреди,...

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Академик Пенчо Давчев бр.117, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија