Filters
Пребарување
ЈОМАК КОМ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЈОМАК КОМ се занимава со производство на професионална индустриска опрема за готвење по HACCP стандарди. Нашата палета опфаќа производи за професионални кујни изведени во електрични и плински варијанти

- Фритези
- Тостери
- Скари
- Неутрална опрема: работни маси, мијалници, сталажи...
- Аспиратори

Целата опрема ка изработуваме од најквалитетни INOX челици, според вашите потреби и димензии. Нудиме услуги и за одржување на вашите кујни и целосна реконструкција

ЈОМАК КОМ дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ЈОМАК КОМ

Компанијата ЈОМАК КОМ дооел од Велес се занимава со производство на професионална опрема за угостителство, направена од најквалитетни INOX челици. Ние не сме фокусирана само да го продадеме она што ќе го произведеме. Нашиот принцип на работа е и да ја монтираме опремата што сме ја произвеле, да ги обучиме клиентите за правилно ракување со неа, а нудиме и 24/7 часовна поддршка и сервис за сите наши производи.

jomak-kom-clubeconomy
jomak-kom-clubeconomy

ПРОИЗВОДСТВО, ОДРЖУВАЊЕ, СЕРВИС

Покрај производството ЈОМАК КОМ нуди одржување и сервис за сите видови плински и електрични уреди во професионалните кујни, како за мали ресторани, така и за големи хотели и кетеринг компании.

Компанијата ЈОМАК КОМ е формирана во 2013 година во Велес. Основната дејност и е производство на индустриска опрема за готвење, по HACCP стандарди. Палетата на производи ја сочинуваат професионални единици за готвење (тостери, фритези, скари), во електрична и плинска варијанта, како и неутрална опрема, работни маси, мијалници, аспиратори, сталажи... кои ги изработува според ваши потреби и димензии. Исто така, нудиме услуги за одржување на вашите кујни и за нивно комплетно реконструирање.

ПРОИЗВОДИ

Фритези

Произведуваме неколку видови фритези дизајнирани според вашите потреби, во електрична и плинска верзија.

Тостери

Професионалната изведба на нашите тостери ви гарантира брзо и едноставно готвење. Сево ова ви е гарантирано со нивниот висок квалитет и нивната тежина, која се движи од 12 килограми за најмалиот модел, кој е интересен и за домашна употреба, па се до нашиот најголем модел со две рингли, кој има неверојатни 35 килограми.

Електрични скари

Скарите што ги нудиме се дизајнирани 100% според вашите потреби, за да бидат максимално фукционални и економични. И тие се изведени во плинска и електрична варијанта.

Плинската палета на производи е изработена според највисоките стандарди на заштита, со вентили и термокабли од реномирани италијански производители.

jomak-kom-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Орце Мартинов бр. 49, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа