Filters
Пребарување
КАМЕНА ИДИЛА АМЈ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата КАМЕНА ИДИЛА АМЈ се занимава со обработка и продажба на декоративен камен. Располагаме со два вида камен со врвен квалитет, со високо ниво на цврстина и издржливост

- Камен за изработка на калдрма
- Камен во вид на правоаголни, квадратни и ромбоидни плочи

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Продажни салони за декоративни градежни материјали, градежни фирми, инвеститори во градежни објекти

КАМЕНА ИДИЛА АМЈ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

декоративен камен

Компанијата КАМЕНА ИДИЛА АМЈ од Куманово се занимава со обработка и продажба на декоративен камен. Каменот е со врвен квалитет, идеален за уредување на екстериери, ентериери, обложување на ѕидови, фасади... Во нашата понуда располагаме со два вида камен. И двата се со високо ниво на цврстина, издржливост, некршливи, отпорни на абење и на сите видови временски услови.

kamena-idila-clubeconomy
kamena-idila-clubeconomy

изработка на калдрма

Првиот вид камен е за изработка на калдрма, го нудиме само во сива боја, има многу богат колорит и текстура и е со исклучително голема цврстина и издржливост. Овој вид камен има иста намена како бекатон плочите, само што на просторот поплочен со него ќе му даде сосема поинаква природна димензија во стотина нијанси на сива боја, посебна убавина, топлина и екстраваганција.

камени плочи

Втората наша програма е изработка и понуда на камени плочи кои ќе го облагородат секој ентериер и екстериер, давајќи неограничени можности за изведба на најразлични креативни решенија. И овој камен е со висока цврстина, отпорен на механички удари и временски промени, погоден за изведување ѕидни и фасадни креации, како и внатрешно и надворешно поплочување на подови. КАМЕНА ИДИЛА АМЈ може да понуди најразлични форми, во зависност од желбите и потребите на инвеститорите, а како стандардна понуда ги имаме правоаголните, квадратните и ромбоидните плочи, во сива и бакарна боја. Колоритот и текстурата на двете нијанси се исклучително богати, со изразена природна димензија.

kamena-idila-clubeconomy

КАМЕНА ИДИЛА АМЈ за сите клиенти обезбедува бесплатна испорака на декоративниот камен на цела територија на Македонија.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Гоце Делчев бр. 36, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)70/283 195

Социјални медиуми

Лице за контакт

Анастасија Величковска


Мапа