Filters
Пребарување
КОЧО РАЦИН ОГУДУ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ОГУДУ КОЧО РАЦИН се занимава со организирање обуки по верификувани програми од страна на Министерство за образование на Република Северна Македонија за:

- масери
- козметичари
- фризери
- нутриционизам
- кроење и шиење
- основен курс за компјутери

Странски јазици:
- англиски, германски, француски, шпански, италијански, албански и грчки јазик

КОЧО РАЦИН ОГУДУ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

 
Отворен граѓански универзитет за доживотно учење

„Кочо Рацин“ – Скопје

 

Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кочо Рацин“ – Скопје, поранешен Работнички универзитет „Кочо Рацин“, започнал со работа во далечната 1953 година. За овој период импонзантна бројка од 900.000 луѓе присуствуваа и завршија различни образовни форми на нашиот универзитет, како што се: изучување на странски јазици за деца / тинејџери и возрасни, основно и средно училиште за возрасни, занаетчиски вештини за возрасни, семинари и различни едукативни предавања од економски, политички и културен живот, различни видови образовни форми кои ги нудиме за време на децениската работа на овој вид образовна институција.

Целта и перспективата на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кочо Рацин“ - Скопје е да го поддржат професионалниот статус на наставниците и високиот квалитет на образованието.

Нашето мото е: Одличен учител - одличен студент.

КУРСЕВИ на Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кочо Рацин“ – Скопје

КурсЦена
ФРИЗЕРИ 28.000ден. 4 месеци 4 рати
КОЗМЕТИКА 48.000ден. 5 месеци 5 рати
НУТРИЦИОНИЗАМ 15.000 ден. на 2 рати
МАСЕРИ 28.000 ден. 4 месеци на 4 рати
КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ 17.000 ден. на 3 месеци
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Мирче Ацев бр. 4, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа