КРИСТАЛ 1923 ад-Велес
Прехранбената индустрија КРИСТАЛ 1923 ад-Велес веќе 100 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Маслото за јадење и маргаринот КРИСТАЛ се нашиот најпрепознатлив бренд, но подеднакво сме горди и на останатите производи: таан алвата, локумот, желе бонбоните, зачините, слаткото од смокви, производите од соја…