Компанијата ЕВРОСУРОВИНА ПА Битола е добитник на престижната награда за македонски квалитет за 2019година, доделена од Сојузот на стопански комори, а под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски. Наградата е уште еден доказ за професионалноста и одговорното работење, доказ дека кога се работи со љубов, успехот е задолжителен.
Квалитетот има ново име - ЕВРОСУРОВИНА ПА!!!
Компанијата ЕВРОСУРОВИНА ПА, чија основна дејност е управување со отпад, за првпат на пазарот го нуди својот производ подна гумена плочка, единствен од ваков вид, што се произведува во Македонија. Покрај првичната дејност, во изминатите години размислувавме и за сопствено производство и конечно во 2015 година на пазарот го пласиравме својот прв производ - подни гумени плочки.