Подетално за компанијата
Сè за вашето дете!
Компанијата ЛОТУС-М е основана 1996 година во Струмица. Долгогодишното постоење на пазарот и успешното работење ни овозможија да бидеме најдобри во грижата за вашите деца. Во нашата компанија можете да најдете се што ви е потребно за деца од нивната најрана возраст. Тука спаѓаат пелени, влажни марамици, креми, шампони, бебешки шишиња и цуцли, колички за бебиња, креветчиња за бебиња, градинки, релаксатори, седишта за автомобил, играчки за сите возрасти, плишани играчки, велосипеди, автомобили на акумулатор...

САЛОН ЗА ПРОДАЖБА
Компанијата ЛОТУС-М од Струмица ја прошири својата дистрибутивна продажна мрежа со отворање на еден од најголемите салони за продажба на детски играчки и бебешка опрема. Салонот се наоѓа на стариот пат од Струмица кон Василево, каде на површина од 600 метри квадратни нуди огромен асортиман на играчки и опрема за деца и бебиња.

ПРОИЗВОДИ
Располагаме се повеќе од 1000 производи кои се во функција на безгрижно детство, но и на правилниот детски развој. Во специјализираниот салон на ЛОТУС-М ќе најдете производи на голем број познати брендови, од детски креветчиња, постелнина во разни дезени, колички за бебиња, седишта, проодувалки, транспортери за бебиња, релаксатори, хранилки и многу други елементи кои ќе бидат олеснување и за бебињата и за родителите.

НАЈРАЗЛИЧНИ ИГРАЧКИ
Во ЛОТУС-М имаме најразлични играчки на батерии, музички, логички, рекреативни играчки кои ја поттикнуваат моториката на дечињата и желбата за игра, во функција на нивниот правилен раст. Потоа, гумени животни за скокање, плишани играчки, најголем асортиман на автомобили и мотори на акумулатор со најповолни цени...

НАЈНИСКИ ЦЕНИ, ПОПУСТИ, МНОГУ ПОДАТОЦИ... ЛОТУС-М
Асортиманот во ЛОТУС-М е со најниски цени, не само во регионот, туку и пошироко, а во нашиот нов салон секогаш ќе бидете изненадени со големи попусти и многу подароци. За оние што не можат да не посетат испраќаме и по карго во другите градови.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Гоце Делчев бр. 49, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија