Filters
Пребарување
МАРВИК СЛАДОЛЕДИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

MARVIK deluxe ice cream македонски сладолед со парчиња и сируп од домашно овошје

MARVIK десерти: Панакота, Пудинг, Сутлијаш

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

МАРВИК СЛАДОЛЕДИ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

МАРВИК сладоледи

МАРВИК сладоледите  и десертите веќе три години ги разладуваат и засладуваат македонските потрошувачи. Oвој нов, растечки бренд на македонскиот пазар е дело на семејството Трајковски. Интересно за нашиот почеток е што првиот чекор што го направивме беше да ги набавиме машините, иако бевме свесни дека клучен фактор за да се направи добар сладолед е рецептурата. Се водевме од идејата да направиме производ сличен на сладоледот од McDonalds, поточно на нивниот вкус на ванила. Овошните преливи ги подготвуваме сами. Купуваме овошје од домашни производители и од него правиме сирупите и додаваме парчиња овошје во сладоледите. Рецептата е создадена со многу труд и експериментирање, но и со помош на консултант од Србија, кој има големо искуство во регионот, Европа и во арапските земји.

6 ВКУСОВИ

МАРВИК сладоледите повеќе од три години се на пазарот, но во првата година најмногу се експериментираше со вкусовите и желбите на купувачите, за да дојдеме до идеалниот рецепт, кои ароми се најбарани, кое е најдоброто количество шеќер и овошје во сладоледите. Во моментов произведуваме сладолед со шест вкусови, спакуван во теглички, а имаме и пакувања од три килограми кои се наменети за ХО-РЕ-КА секторот, потоа пакувања во мали пластични чашки, како и пакувања од половина и од еден килограм. Најновиот вкус ни е ванила со прелив од карамела и прелив од смоква, кој се покажа како одличен и е многу баран на пазарот.

Засега, најбарани се слсадоледите со вкус на ванилата и шумското овошје, како еден од најосвежителните сладоледи, во кој има голем процент на овошје, со оглед на тоа дека сирупот е направен од 40 до 50 проценти овошје.

marvik-sladoledi-clubeconomy
marvik-sladoledi-clubeconomy

ПАНАКОТА

Под брендот МАРВИК произведувате и други десерти. Би ја издвоиле панакотата, која се покажа како фаворит на потрошувачите. Ја произведуваме во пакување за ХО-РЕ-КА секторот. Многу е практична за хотели и ресторани кои треба само да го сервираат и декорираат овој десерт. Имаме и пакување за малопродажба, кое е дополнето со прелив од шумско овошје и прелив од карамела, а планираме да направиме и со прелив од вишна. Произведуваме и пудинзи, кои засега се со два вкуса: чоколадо и ванила. Третиот десерт кој на пазарот настапува под овој бренд е сутлијашот.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Благој Муцето бр 42, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Славче Блажевски


Мапа

Документи