Подетално за компанијата
Се за Вашиот дом на едно место!
ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА, ЗА СОВРШЕН И ТОПОЛ ДОМ СО MB HOME -MOKOSH
ПРОЕКТИРАЊЕ, ДИЗАЈН И ИЗВЕДБА
Градиме енергетско ефикасни објекти од СИП панел за индивидулано домување, со висок квалитет и естетика со можност за имплементација на смарт технологија. Нашите градби се предводени од дизајнот и удобноста на домот.


ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ, ИЗВЕДБА И ПРОЕКТИРАЊЕ НА ЕДНО МЕСТО
Нашиот тим од реномирани архитекти ќе се погрижат за максимална и идеална искористеност на просторот во Вашиот иден дом. Со комплетни и уникатни идејни решенија. Убавината на домот е во мирот и спокојот. Имајте совршен и современ дом со MB HOME – MOKOSH
ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНОСТИ
Една од нашите услуги е и продажба на недвижности. Контактирајте го нашиот професионален тим за сите информации.

MB HOME – MOKOSH е градежна компанија, со седиште во населба Илинден, РС Македонија, делува во областа на градежништвото, од 2017 година. Нашиот тим е формиран од финансиски советник, проектанти, техничари, општи работници, електричари, водоводџии, мајстори за кнауф, мајстори за финални работи во градежништвото, со долги години искуство во работењето.


Приоритетна дејност на компанијата е изградба по принципот "клуч на рака" на монтажни куќи од СИП ПАНЕЛ, единствени на пазарот во Македонија. Ви нудиме МОНТАЖНИ ЕКО КУЌИ со висок квалитет, изградени според сите стандарди за градба. Куќите имаат голема енергетска ефикасност, термичка изолација, можност за имплементација на смарт технологија и ултра модерен дизајн на екстериер и ентериер. Воедно, MB HOME – MOKOSH отпочна и со изградба на ПРВИОТ Модерен Дом на Тркала.
Во состав на MB HOME – MOKOSH имаме и сектор за продажба и купување на недвижнини. Развиена мрежа на деловни соработници од областа на: електрика, водовод, градежни материјали, керамика, санитарија, ПВЦ столарија, собни и влезни врати, како и изработка на мебел по мерка. Имаме воспоставена соработка и со фирми кои се занимаваат со изработка на огради, лимарија, панели, метална конструкција, тенди, перголи, хортикуларно уредување.


ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА МИЛЕВО СЕЛО
Rекреативен планински комплекс со местоположба на планината Герман, општина Ранковце.
На површина од 11,000m² планирани се: планинарски и спортски дом, различни типови на хотелско сместување, камп зона, индивидуални куќи за домување и спортски терени.
Комбинацијата на автентична архитектура со природни материјали и современи технологии.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 32 бр. 106, Илинден, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија