Filters
Пребарување
МЕБЕЛ АНТИКОС

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МЕБЕЛ АНТИКОС се занимава со изработка на мебел по нарачка

- Аголни гарнитури
- Троседи и двоседи, со и без механизми за спиење
- Фотељи
- Спални соби
- Детски соби

Подетално за компанијата

МЕБЕЛ АНТИКОС

Компанијата МЕБЕЛ АНТИКОС се занимава со изработка на тапациран мебел по нарачка:

  • • Аголни гарнитури

  • • Троседи и двоседи, со и без механизми за спиење

  • • Фотељи

  • • Кревети за спални соби

  • • Кревети за детски соби

Во производството на мебелот употребуваме исклучиво најквалитетни материјали, мебел штофови, како и механизми од познати производители и соработуваме со повеќе докажани архитекти и дизајнери, кои перманентно ги следат модните трендево во индустријата за мебел. Сепак, на крајот изборот на димензиите, дизајнот, изборот на материјалите и мебел штофот го правиме заедно со Вас, грижливо внимавајки да ги задоволиме сите ваши барања и желби.

mebel-antikos-clubeconomy
mebel-antikos-clubeconomy

МАШИНИ И ОПРЕМА

Покрај тоа што имаме најсовремени машини и опрема за производство на тапациран мебел и целосно опремена столарска работилница, сите овие години успеавме да создадеме квалитетен тим на мајстори и она по што се разликуваме од другите е динамичност, приспособливост и максималната подготвеност да ги реализираме сите Ваши барања.

mebel-antikos-clubeconomy
mebel-antikos-clubeconomy

КВАЛИТЕТЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН МЕБЕЛ

Доколку знаете што сакате, тука сме да ги реализираме сите Ваши желби и да добиете мебел онаков како што сте го замислиле. Од друга страна ако немате идеа и не знаете точно што сакате, тука е нашиот тим да ви помогне да го добиете најдоброто. Како и да е на крајот ќе добиете максимално квалитетен и функционален мебел, со модерен дизајн, кој целосно одговара на Вашиот простор и изгледа буквално како да е направен во некоја италијанска есклузивна работилница.

СКРШЕН КАУЧ

Зад името МЕБЕЛ АНТИКОС стои долга традиција во производството на мебе. Почнавме во 1992 година како СКРШЕН КАУЧ, мала работилница за поправка на мебел. Денес веќе сме присутни и на пазарите во околните земји и размислуваме да почнеме со производство на сопствена колекција, иако остануваме верни на индивидуализмот и определбата првенствено да ги реализираме идеите и желбите на нашите клиенти

mebel-antikos-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Лабуништа, 6336 Струга
Град: Струга
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Сеад Јускоски


Мапа