Filters
Пребарување
МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ се занимава со:

Вадење и преработка на снежно бел мермер BIANCO SIVEC® 

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015
ISO 14001 : 2015
ISO 45001 : 2018

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Странски фирми од областа на градежништво, проектирање, архитекти, индустрија за мермер и гранит

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД-ПРИЛЕП

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД-ПРИЛЕП е глобален лидер во вадење и производство на снежно бел мермер. Друштвото е основано во 1946 година со основна дејност производство на бел мермер BIANCO SIVEC®.

Stone Works Holdings, холандско друштвото во сопственост на NBGI Private Equity, поседува 88.4 проценти од акциите на Друштвото.

BIANCO SIVEC® е мермер со микро гранули кој се вади во околината на Прилеп и со векови се користел за градење на многу историски места, како, на пример, ХЕРАКЛЕЈА и СТОБИ.

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп раководи со пет големи каменоломи на мермер во околината на Прилеп кои опфаќаат 30 проценти од 1,9 км2 површина под концесија.

Image Designers

ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ

Каменоломите се опремени со најмодерна технологија за вадење на мермер која обезбедува производство и континуирано снабдување од 75.000 тони суровина годишно.

Потоа суровината вертикално се преработува во производните капацитети, лоцирани на само 10 километри од каменоломите.

Просторните и модерните производни капацитети се сместени на површина од 65.000 м2, заедно со складишен простор за готовите производи. Производните капацитети се со голем капацитет и во нив се изведува сечење и полирање на мермерот во табли и плочи, според потребите на клиентите и во согласност со меѓународните стандарди.

Image Designers
Image Designers

ИСПОРАКА

Фабриката поседува гатери, циркулари за сечење на блокови, CNC машини и линии за полирање. Успешно избраната комерцијална мрежа и близината на пристаништето Солун, Грција, кое вообичаено се користи како дистрибутивен центар, обезбедуваат испорака на белиот мермер низ целиот свет.

Image Designers

КАРАКТЕРИСТИЧЕН И ЕКСКЛУЗИВЕН ИЗГЛЕД

Мермерот BIANCO SIVEC® внимателно се избира за да им даде карактеристичен и ексклузивен бел изглед на многу големи и познати проекти, како што се хотели, палати, трговски центри...

Од оваа листа на големи проекти најпрепознатливи се: Големата џамија во Абу Даби (исто така, позната како Џамија на Sheikh Zayed Bin Sultan Al Nаhyan) на Обединетите Арапски Емирати, каде се вградени повеќе од 100.000 тони "BIANCO SIVEC®," како и Собранието на Узбекистан во Ташкент.

Image Designers
Image Designers
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Крушевски пат бб, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи