Подетално за компанијата
МЕТАЛ АРТ КОТЛИ
МЕТАЛ АРТ КОТЛИ е претпријатие за производство, проектирање и изведба на широк спектар на работи во металската дејност. Постоиме од 1999 година и секојдневно го зголемуваме и пршируваме нашиот асортиман и обем на работа, раководејќи се од барањата и потребите на потрошувачите.
ДЕЈНОСТ
Претпријатието брои 25 вработени: инженери, техничари и ВКВ мајстори со големо искуство, кои успешно ги реализираат работните задачи. Кога почнавме со работа главната дејност ни беше изработка на сталажи, опрема за маркети, метални полици, рафтови, држачи за разни производи, кафези и друг вид на метална галантерија, под брендот Металарт. Последниве години компанијата влезе и во сегментот на опрема за грење – произведуваме максимално ефикасни котли и камини, под брендот МЕТАЛ АРТ КОТЛИ.

КОТЛИ
Изработуваме топловодни котли за централно греење на пелет и биомаса (дрвена сечка, пилевина, дрво, семки од овошје), со капацитети од 40 KW до 300 KW. Котлите се погодни за индивидуални куќи, деловни објекти, училишта, спортски сали, фабрички хали, хотели, ресторани....

КАМИНИ
Изработуваме камини на пелет и дрво, со моќност од 30-70 kw за загревање на простор од 100 м2 до 500 м2. Камините се со димензии: широчина 1.300 мм, длабочина 700 мм, висина 1.200 мм (од задната страна). Минимум потребен простор од 2 м².

МЕТАЛНИ СТАЛАЖИ
Металарт е компанија бр 1 во производство, проектирање и изведба на широк спектар на метална галантерија. Доказ за нашата успешната работа е долгогодишната соработка со компании, како што се: WRIGLEY, NESTLE, COCA-COLA, COLGATE, HIPP, NIVEA, HARIBO, ARGETA, NELT, ZITO LUKS и многу други.

Сите наши производи се со исклучително висок квалитет, изработени се со модерна технологија, од висококвалитетно железо и се заштитени со специјална електростатска постапка.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Апостол Гусларот бр. 12/10, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија