Filters
Пребарување
МИ-КОМЕРЦ 2000

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

МИ-КОМЕРЦ 2000 се занимава со производство на алуминиумска и PVC браварија 

- Алуминиумски прозорци и врати со термо мост, во сакани бои и дезени и сите модели на SUPREME
- ПВЦ прозорци и врати, raufipro материјал – GENEO, со трослојно стакло
- Rehau SINEGО со три гуми за дихтување, со двојно и тројно стакло
- Rehau со пет комори, со два дихтунзи и стакло по желба

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:20015
ISO 14001:2015
ISO 45001:2015

Подетално за компанијата

РЕХАУ прозорски системи

РЕХАУ програмата нуди решенија за сите случаи: од системи за стандардни прозорци, па до сертифициран систем за прозорци на пасивни куќи. Заради учество на сите значајни меѓународни пазари се развиваат програми кои се приспособени според специфичностите на земјата и регионалните барања.

mi-komerc-clubeconomy
mi-komerc-clubeconomy

РЕХАУ Системи за влезни врати

Влезната врата е како визит карта на куќата. Со цел да го задоволи ова барање РЕХАУ нуди одлично развиени решенија со модерен и класичен дизајн. Заедно со РЕХАУ прозорските профилни системи се создава една завршна заокружена целосна слика за објектот.

РЕХАУ системи на ролетни

Составни елементи и ленти за ролетни за стари и нови градби

Во рамките на РЕХАУ системот за ролетни на располагање стојат одлично развиени производи, за да ги исполнат барањата за заштита од сонце, спречување на насилно влегување и покривање. Кутиите за ролетни ги надминуваат барањата од делот на заштеда на енергија. Профилите за ролетни за сенки на прозорците и вратите не се само функционални, туку и иновативни.

mi-komerc-clubeconomy
mi-komerc-clubeconomy

РЕХАУ системи на прозорски капаци

Спој на задоволство и елегантен дизајн

Прозорските капаци нудат широк спектар на можности на користење: како нагласен акцент на куќата, како заштита од љубопитни погледи од соседите, како заштита од сонце и за регулирање на климата во просторијата. Иновативните прозорски капаци од РЕХАУ профили оптички се хармонизираат со секоја архитектура преку својата многустрана форма и боја.

РЕХАУ системи за проветрување

За здрава клима во просторот

Современите градби со голема изолација прават покривот на објектот да не пропушта воздух. На тој начин значително се намалуваат трошоците за затоплување, меѓутоа при недоволно проветрување се помага создавањето на мувла и други штетници на градбата. РЕХАУ системите за проветрување се грижат за редовна размена на воздух, здрава клима на просторот и на тој начин на долгорочен план ја осигуруваат вредноста на имотот.

mi-komerc-clubeconomy
mi-komerc-clubeconomy

РЕХАУ фасадни системи

Фасади со систем

За да можат кај застаклувањата со голема површина да се изведат украсни конструкции, РЕХАУ системите за фасади нудат идеално надополнување на програмата на прозорци. Со програмата на РЕХАУ столбови - шипки - конструкции се можни еднокатни застаклувања, повеќеспратни покривни фасади, полигонални примени, застаклување на скалишниот простор или закосени фасади. Покрај малата видлива ширина од 50 mm, системите на фасади поседуваат истакната карактеристика за задржување на топлината. Првенствено за пасивните куќи РЕХАУ нуди едно одлично решение со фасадниот систем РЕХАУ – Polytec 50 PHZ кој е сертифициран за пасивни куќи.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Западен булевар 11,
1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Златко Митрев +389 (0)71/310 555


Мапа

Документи