Подетално за компанијата
Пилана НОВАКОСКИ КОМПАНИ
Пилана НОВАКОСКИ КОМПАНИ е основана 1972 година како резултат на долгогодишната семејна традиција за обработка на дрво. Со текот на годините и континуираното вложување во нови технологии за преработка на дрвото, ја проширивме производната програма, го зголемивме капацитетот и што е најбитно го зголемивме и квалитетот на градежното дрво што го произведуваме.

ПРОИЗВОДСТВО
Во НОВАКОСКИ КОМПАНИ можеме да ги преработиме сите видови на дрво, а најмногу работиме со ела, бел бор и даб. Градежното дрво го произведуваме во сите стандардни димензии, во зависност од барањата на купувачите и тоа само од здрави трупци, со што успеваме квалитетот на градежното дрво да го одржуваме на исклучително високо ниво, по што сме познати на пазарот. Со биќење на трупците произведуваме дрво за градежништво и за изработка на градежна столарија, односно произведуваме греди, штици, талпи, летви... Постои можност да произведеме градежно дрво и во нестандардни димензии, по нарачка. Пиланата располага со сопствен складиштен простор и секогаш имаме одредени количини на лагер.

КВАЛИТЕТ
Пиланата НОВАКОСКИ КОМПАНИ посветува големо внимание на квалитетот на своите производи и услуги. Внимателно ги одбираме трупците, кои потоа подлежат на строга контрола. Квалитетот се контролира во целиот процес на обработка на дрвото, со единствена цел да го осигураме задоволството на клиентите, трајноста и убавиот изглед на нашите производи, од кои потоа се изработува квалитетна градежна столарија.

ПРОИЗВОДЕН ПРОЦЕС
Во НОВАКОСКИ КОМПАНИ сме свесни за големото значење на дрвото како суровина и затоа грижливо го планираме производниот процес, со што отпадот од овој природен материјал е сведен на минимум и сите средства што ги користиме за заштита на производите ги задоволуваат и најстрогите еколошки стандарди.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Браќа Моцаноски бр. 30,
7524 Кривогаштани - Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Горан Новакоски