Filters
Пребарување
ОЏАЦИ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ОЏАЦИ доо Скопје- Оџачарски услуги

- Професионално чистење и спалување на оџаци и други димоводни уреди (котли за централно греење, канали, камини, фурни и хауби од скари) од страна на квалификувани оџачари

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008
ISO 14001 : 2004

Подетално за компанијата

ОЏАЦИ

Компанијата ОЏАЦИ доо – Скопје се занимава со професионално чистење и спалување на оџаци и други димоводни уреди, како што се: котли за централно греење, канали, камини, фурни и хауби од скари... од страна на квалификувани оџачари.

Основни аспекти и придобивки од навремено, квалитетно и перманентно чистење на оџаците и други димоводни уреди:

  • • Спречување на опожарување и други несакани последици

  • • Заштеда на енергетско гориво и повеќе од 20%

  • • Поголема испорака на топлотна енергија

  • • Зачувување на димоводните уреди за подолг временски период

  • • Заштита на човековата околина со намалување на испуштањето штетните гасови во воздухот.

odzaci-clubeconomy
odzaci-clubeconomy

Искуство

ОЏАЦИ доо – Скопје е формирано во 1991 година. Од своето постоење до денес работи исклучиво како оџачарска фирма. Компанијата е семеен бизнис во приватна сопственост на двајца браќа кои, освен висока и средна стручна подготовка, имаат и оџачарски дипломи, како и повеќегодишно оџачарско искуство со големо познавање на котларските системи.

odzaci-clubeconomy
odzaci-clubeconomy

Професионалност

Професионалноста на компанијата се огледува во долгогодишното искуство во реализирањето на најкомплексните и најтешки оџачарски интервенции, како: одгушување, професионално спалување, чистење, како и контролирање на целиот процес во системот за греење (котел, канал и оџак) на највисоко ниво, професионално бушење на оџак и отстранување на шут, гареж или гнездо од птици во оџакот.

ОПРЕМА

Компанијата ОЏАЦИ располага со професионален оџачарски алат и опрема и други капацитети за реализација на било какви ангажмани (професионални усисувачи, апарати под притисок, топловодни пумпи, голем избор на штосери, четки, пробивни глави од најдобар квалитет. Дел од опремата е направен во наши работилници, дел купен во земјата и во странство.

odzaci-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Ѓорѓе Андреевиќ – Кун бр.36Б, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи