Filters
Search
Pekara ALEKS

Main occupation

The company Bakery ALEX is engaged in the production of:

- Bread and white baked goods
- Sweet pies and cakes

Prepared in a traditional way with natural yeast, without preservatives

Bread baked in a wooden oven

Pekara ALEKS

COMPANY DETAILS

COMPANY DETAILS

ПРОИЗВОДСТВО НА ЛЕБ

Пекара АЛЕКС дооел која веќе петнаесет години е присутна на македонскиот пазар се занимава со производство на повеќе видови леб направен по традиционални македонски рецепти, но и леб од други специјални типови брашно.

Пекара АЛЕКС е веќе позната по своите: леб печен на дрва, интегрален леб, пченкарен леб, р’жан леб, итало микс, чиабата, р’жана чиабата, чиабата со маслинка, лебот стар вршник, крцкав леб, витално протеински леб и без глутенски.леб

pekara-aleks-clubeconomy

ГОЛЕМ ИЗБОР НА СОЛЕНИ И СЛАТКИ ПЕЧИВА

Во нашата програма има и голем избор на солени и слатки печива, од кои би ги издвоиле: геврек Алекс, триаголник со кајмак, роловано мрсно, роловано посно, триаголник со кашкавал, пица фил, триаголник од интегрално пециво со шунка кашкавал и со зденка, маслинка, интегрален геврек со маслинка, рибица, триаголник со биено сирење, геврек зденка сланина, лиснато во виршла, зелник зденка маслинка, зелник кашкавал печурки, плочка, бурек со месо, бурек со изварка, бурек со пица фил, фета сендвич, печеница сендвич, ладен сендвич, пастрмајлија свинска, пастрмајлија пилешка, панцерота, геврек обичен, геврек варен, киснато, перек баварски. Како и слатките печива: штрудла со чоко крем, штрудла со јагода и ванила, штрудла со вишна и ванила, штрудла со ванила, штрудла со шумско овошје, штрудла со јаболко и цимет, бовча...

pekara-aleks-clubeconomy
pekara-aleks-clubeconomy

ПЕКАРА АЛЕКС

Компанијата Пекара АЛЕКС дооел е основана во април 2002 година. На почетокот се занимававме само со производство на селкси леб кој го продававме преку трговската мрежа во Прилеп. Лебот беше, а и денес е, со врвен квалитет, направен на традиционален начин со природен квасец, печен на дрва, што беше новина на пазарот и беше веднаш прифатен од потрошувачите. Тоа придонесе да почнеме да ја шириме дистрибуцијата, прво во околината на Прилеп, а потоа и низ градовите во Македонија.

ДИСТРИБУЦИЈА

После две години почнавме со дистрибуција на лебот во Охрид и во Струга. Во 2011 година нашиот селски леб веќе можеше да се купува во Скопје.

Во 2015 година отворивме млечен ресторан во центарот на Прилеп, каде произведуваме и продаваме повеќе од 50 видови леб и бели печива, а во септември 2017. отворивме уште еден млечен ресторан во Прилеп.

pekara-aleks-clubeconomy

CONTACT

Address

Street: St. Marksova 12,
7500 Prilep, Macedonia
City: Prilep
Country: Macedonia


Social media

Contact person

Aleksandar Risteski


Map