Filters
Пребарување
ПЕЛАГОНИЈА ад

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ПЕЛАГОНИЈА ад Гостивар е градежна компанија со повеќе од 80 вработени

- Изведување на секаков вид градежни работи во високоградба, нискоградба и хидроградба
- Сопствена сепарација за песок, бетонска база и асфалтна база
- Производство на бетонски производи

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008
ISO 14001 : 2004
OHSAS 18001 : 2007 - Сертификат за заштита на здравјето и безбедност при работа

Подетално за компанијата

ПЕЛАГОНИЈА АД - Гостивар

Друштво за градежништво, производство и инжењеринг ПЕЛАГОНИЈА АД - Гостивар постои од 1974 година, како дел од системот на ГП "Пелагонија" Скопје, од кој се издвои во 1997-та и сега опстојува како самостоен правен субјект. Денес компанијата е акционерско друштво со повеќе од 80 вработени и три работни единици:

  • • Погон механизација, со механичарска работилница

  • • Сепарација за вадење чакал и негова преработка, со асфалтна база

  • • Бетонска база за производство на бетон и бетонски производи.

pelagonija-ad-gostivar-clubeconomy
pelagonija-ad-gostivar-clubeconomy

20 ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА

ПЕЛАГОНИЈА АД - Гостивар повеќе од 20 години работи успешно, остварувајќи позитивни резултати, постојано инвестирајќи во развојот и во проширувањето на работните капацитети со нова опрема и нови градежни машини и возила. Компанијата веќе е познато име на македонскиот градежен пазар, со голем број изведени работи во високо, ниско и хидро градбата - изградба на станбени здради и други објекти, пробивање, насипување, тампонирање и асфалтирање на патишта, градење на водоводи и голем број други градежни работи, на кои заеднички именител им е високиот квалитет и задоволството на инвеститорите. Претпријатието, воедно, го врши и надзорот на изградбата на овие објекти.

ПРОИЗВОДСТВО НА БЕТОН И АСФАЛТ

Компанијата располага со сопствена сепарација за песок и бетонска база во кои се врши ескавација на песок и чакал и со компјутеризирани постројки се произведува бетон, бетонски производи и асфалт. Единиците за производство на бетон и асфалт, обезбедуваат целосна услуга за готовиот бетон и асфалтната мешавина, преку траспорт со мобилни мешалки и камиони, до нивно вградување со бетонски пумпи, дробилки и машини за асфалтирање, вклучувајќи и соодветни лаборатории за контрола на квалитет на бетонот и асфалтот.

pelagonija-ad-gostivar-clubeconomy
pelagonija-ad-gostivar-clubeconomy

КВАЛИТЕТ

Квалитетна и навремена изградба на објектите, исполнувањето на барањата на инвеститорите и купувачите, се клучот за успехот на ПЕЛАГОНИЈА АД - Гостивар. Компанијата располага со сертификат за системот за управување со квалитетот согласно со барањата на стандардите ISO 9001:2008 и ISO 1400:2004, како и OHSAS 18001 : 2007 - Сертификат за заштита на здравјето и безбедност при работа.

АПАРТМАНИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ

Во станбениот комплекс МАВРОВО, кој се наоѓа на само 150 метри оддалеченост од ски-лифтовите во Скијачкиот центар Маврово, располагаме со целосно уредени апартмани, со големина од 33 и 44 м² кои ги изнајмуваме за период од најмалку една година. Информации на телефон 075 470 008

pelagonija-ad-gostivar-clubeconomy
pelagonija-ad-gostivar-clubeconomy

СТАНБЕН КОМПЛЕКС БАЊИЦА

Станбениот комплекс БАЊИЦА се наоѓа во Гостивар, веднаш до Основнотo училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, на 900 метри од центарот на градот. Станбениот комплекс располага со 54 станови, со квадратура од 48 м² до 99 м², има 70 паркинг места и деловен простор од 503 м² кој се наоѓа на приземјето. Сите вградени материјали се атестирани, со соодветни сертификати и се од реномирани домашни и странски производители.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. Браќа Ѓиноски бб, П. Фах 36, 1230 Гостивар
Град: Гостивар
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)42/216 332

+389 (0)2/3214 242 - Во Скопје

+389 (0)75/470 008

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа