Filters
Пребарување
РЕД ШПЕД

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата РЕД ШПЕД се занимава со шпедиција, транспорт и складирање

- Меѓународна шпедиција и шпедитерски услуги
- Услуги на царинење
- Складирање на стока
- Сите видови на транспорт на стока во земјата, регионот или во Европа
- Консалтинг за логистика и меѓународна трговија 

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015

Подетално за компанијата

РЕД ШПЕД

Компанијата РЕД ШПЕД е основана во 1994 година, кога тим од професионалци, со повеќе од 35-годишно искуство во меѓународната шпедиција и транспорт, се здружи околу желбата на своите клиенти да им пружи најквалитетна палета на услуги во областа на надворешно-трговското работење. Денес со гордост можеме да кажеме дека РЕД ШПЕД е реномирана македонска компанија, специјализирана за услуги во надворешно-трговското посредување, шпедитерско-царинските услуги, транспорт на стока во меѓународниот и домашниот сообраќај, складирање на стока во својот јавен царински склад, како и за дистрибуција на пратки. Нашиот тим брои 55 високо-стручни професионалци и имаме повеќе од 2500 задоволни клиенти.

red-sped-clubeconomy
red-sped-clubeconomy

УСЛУГИ

Седиштето на РЕД ШПЕД е во Скопје, а мрежата ги опфаќа испоставите на граничните премини: Табановце, Богородица и Блаце, како и во ТИРЗ Бунарџик и Меѓународниот аеродром Скопје. На сите останати гранични премини и другите градови во Македонија имаме сигурни соработници и партнери, така што во царинското посредување ја покриваме целата територија на Македонија. Располагаме со јавно царинско складиште во Ќојлија, Општина Петровец, на парцела со површина од 12.000 м² , отворен царински склад со површина од 1.500 м² и затворен царински склад со површина од 1.600 м² , целосно опремен и подготвен за сместување на сите видови на стока, кој наскоро ќе биде проширен на површина од 4.000 м² . Со давање на комплетна услуга, можеме во најкраток рок да ви овозможиме сигурни, ефикасни и економски-оптимални решенија, кои ќе ги исполнат сите ваши барања.

НИЕ СМЕ ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР

  • • Со секој клиент градиме партнерски однос

  • • Брза и сигурна услуга, по исклучително конкурентни цени

  • • На располагање сме ви 24 часа, 7 дена во неделата

  • • Присутни сме на најатрактивните локации

  • • Безбедно складирање на стока во јавен царински склад

  • • Советување за сите прашања при увозот или извозот на специфични видови на стоки

  • • Поседуваме стабилен обртен капитал и соодветни банкарски гаранции за сите царински постапки

  • • Во чекор со технолошкиот развој

  • • Секојдневна едукација, развој и вложување

red-sped-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Перо Наков бр.1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/2402 878

Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Игор Ѓорѓиевски


Мапа