Filters
Пребарување
РИНИА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата РИНИА се занимава со производство на

- Торти
- Колачи
- Баклави
- Шеќерпаре
- Сладолед...

Малопродажба и големопродажба
Две слаткарници во Тетово - Слаткарница РИНИА ЦЕНТАР

Подетално за компанијата

РИНИА

Слаткарницата РИНИА се занимава со производство на сите видови торти, колачи, баклави... Особено сме познати по традиционалниот тетовски специјалитет – шекерпаре и по нашиот специјален сладолед, кои ги произведуваме според рецептите на нашите дедовци и тие се главниот печат на традицијата што ја негуваме повеќе од 85 години.

slatkarnica-rinia-clubeconomy

ТОРТИ И КОЛАЧИ

Во РИНИА покрај традиционалните слатки, произведуваме и торти и колачи од традиционалната и модерната европска кујна, торти за сите видови прослави со најразлични декорации, за детски родендени, свадби и сите други свеќености. Вршиме достава до вашите домови, игротеки, ресторани, продавници...

slatkarnica-rinia-clubeconomy

СЛАТКАРНИЦИ

РИНИА се занимава со производство на тортите и колачи по нарачка, потоа произведуваме торти и колачи за големопродажба кај трговците на мало со кои имаме склучено договори, а сите наши спецјалитети можете секојдневно да ги вкусите и во нашите две слаткарници во Тетово.

slatkarnica-rinia-clubeconomy

ТРАДИЦИЈА

Во производството на торти, колачи и сладолед РИНИА негува традиција подолга од 85 години. Нашите дедовци традицијата ја започнале во Нови Пазар, па потоа ја граделе во Белград, Нови Сад, Будимпешта и во сите овие градови слаткарниците на семејството Ибраими биле култно место за љубителите на слатки задоволства. Првата слаткарница во Тетово е отворена 1981 година, а во 3013. го отворивме современо опремениот РИНИА ЦЕНТАР, во кој покрај убавите торти, колачи и сладолед, можете да поминете и убави моменти на дружење со најблиските и пријателите во убавата атмосфера.

slatkarnica-rinia-clubeconomy

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Илинденска бр.17, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)72/314 113

Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Беким


Мапа