Filters
Пребарување
САРИДИС НАТУРАЛ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата САРИДИС НАТУРАЛ се занимава со:

Производство на охридско макало по традиционален рецепт. Направено од највнимателно избрани лукчиња од органското поднебје на Македонија
- Охридско макало
- Охридско макало со магданос
- Охридско макало со кари
- Лукче сецкано
- Костени во медов сируп

PAPRIKO CATERING - Комплетен кетеринг сервис за храна, пијалаци, персонал за послужување и опрема. Организираме секаков вид настани и прослави

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

САРИДИС НАТУРАЛ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

САРИДИС НАТУРАЛ

Компанијата САРИДИС НАТУРАЛ е основана во 1996 година, со примарната дејност производство и преработка на свежи колачи. Денес таа на пазарот е позната и по брендот ОХРИДСКО МАКАЛО, пикантен намаз од лук направен по традиционален рецепр, за што првичната идеја се родила есента 2012 година. На семејството Саридис многу им се допаднал овој охридски специјалитет, така што решаваат и самите да го произведуваат во својата семејна фирма.

Види повеќе
saridis-natural-clubeconomy

НЈДОБРИОТ ЛУК

За да има охридското макало стандарден вкус и врвен квалитет го користиме најдобриот лук кој расте во Македонија, во еколошки чиста средина. Главен снабдувач со суровина ни е кавадаречкото село Дреново, надалеку познато по квалитетот на лукот што го произведуваат. Лукот го преработуваме во строго контролирана брза постапка и во стриктно дефиниран период.

saridis-natural-clubeconomy

ОХРИДСКО МАКАЛО

САРИДИС НАТУРАЛ произведува охридско макало со три вкуса – класично макало, макало со магданос и макало со кари, кои се пакувани во тегли. Од неодамна охридското макало го пакуваме и во туби од 100 грама, но во две варијанти – класично охридско макало и со магданос. Производот е 100 отсто природен, без никакви додатоци, за кои и нема потреба, бидејќи оцетот е конзерванс, а лукот – антибиотик.

saridis-natural-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ

Покрај Охридското макало, САРИДИС НАТУРАЛ произведува и сечкан лук со магданос и со босилек, пакуван во тегли, како и Костени во медов сируп, исто така пакувани во тегли. Сите проиозводи од САРИДИС НАТУРАЛ можат да се најдат во поголемите синџири на маркети, а одредено количество оди во извоз.

saridis-natural-clubeconomy

ПАПРИКО КЕТЕРИНГ

Паприко кетеринг е една од најдобрите кетеринг компании во Скопје. Причината за тоа е нашата посветеност на квалитетот. Изработуваме креативен и уникатен кетеринг кој го надминува секојдневието. Сите наши залчиња се внимателно креирани од најсвежите состојки. Нашата љубов кон храната не познава

Фокусирани сме на свежината и вкусот на секое залче кое го приготвуваме, комбинирајќи ги нашите локални производи на начин кој го рефлектира класичното во нешто ново и модерно.

Било која ваша желба околу храната ние со задоволство ќе ја исполниме.

saridis-natural-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. 12-та Македонска бригада 71-а, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/2438 298

+389 (0)2/2403 193

+389 (0)75/205 698

+389 (0)75/393 606 - Паприко кетеринг

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа