Filters
Пребарување
СТАРА ФУРНА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

СТАРА ФУРНА - Производство на леб печен на дрва, на традиционален начин и традиционална рецептура, со природно киселење на тесто

ЛЕБ НА ЖАР
За добар почеток на секој ваш ден

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

Подетално за компанијата

СТАРА ФУРНА

Компанијата СТАРА ФУРНА постои од 2012 година и претставува обновување на старата семејна фурнаџијска традиција. На темелите на старата фурна што работела од 1938 година, семејството Апостолоски од Прилеп изгради нова современа фурна во која лебот се произведува на стар начин, со природно киселење на тестото и се пече на дрва.

stara-furna-clubeconomy
stara-furna-clubeconomy

ПРЕПОЗНАТЛИВ ЛЕБ

Денес СТАРА ФУРНА произведува по 6.000 парчиња леб дневно, од најквалитетно брашно, што заедно со традиционалниот начин на производство го прави лебот препознатлив и баран на пазарот. Освен во Прилеп, лебот од СТАРА ФУРНА се продава и во Кавадарци, Велес, Охрид и Сруга, а се предвидува проширување на дистрибуцијата и во Гевгелија и Струмица.

ПРОИЗВОДСТВЕН ПОГОН

На 4-от роденден на СТАРА ФУРНА се отвори нов производствен погон во Индустриска зона Металец – Прилеп. На површина од 540 метри квадратни се изградени две фурни и магацински простор. Фурните се изработени од врвни мајстори и се приспособени за производство на леб печен на дрва. Во рамките на Индустриската зона компанијата планира да отвори и млечен ресторан, што значи дека ќе почнеме и со производство на лиснато тесто, бели печива и друг асортиман на леб.

stara-furna-clubeconomy
СТАРА ФУРНА е учесник во проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од владара на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија.
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Спасе Темелкоски бр. 8, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа