Filters
Пребарување
ТРЕФ - М&Т доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТРЕФ - М&Т се занимава со производство на картонска амбалажа

  • Производство на секаков вид транспортни кутии
  • Производство на амбалажа за зеленчук и овошје (картонски гајби)
  • Производство на каширани кутии
  • Производство на дисплеј кутии
  • Производство на рекламни дисплеј сталажи за маркети
tref-clubeconomy
tref-clubeconomy
tref-clubeconomy

Подетално за компанијата

ТРЕФ М&Т

Треф М&Т е производител на брановидна картонска амбалажа со седиште во Кочани. Со нашето искуство кое го градиме од 1992 година, нашиот тим го проектира и спроведува идеалното решение за вашите индивидуални потреби. Можеме да понудиме целосна услуга за пакување на вашиот производ, почнувајќи од: дизајн, принт, производство и испорака.

Едноставно, нашата амбалажа совршено се вклопува со вашиот производ, обезбедувајќи сигурно и безбедно пристигнување на последната точка од патувањето и што е најзначајно, ќе придонесе да изгледа извонредно.

tref-clubeconomy
tref-clubeconomy

НАШИ ПРОИЗВОДИ

Со текот на повеќе годишното искуство, создадовме широк спектар на амбалажни решенија од основно картонско пакување, до најсложени и уникатни дисплеј кутии.

СОВРЕМЕН МАШИНСКИ ПАРК

Располагаме со современ машински парк за изработка на кутии и тоа:

  • • BOBST во 4 бои флексо за картонска амбалажа

  • • BOBST штанц во формат 1575х1075

  • • Слотер со ротација и лепачка Gandossi&Fossati во 2 бои...

tref-clubeconomy
tref-clubeconomy

GO GREEN

Во Треф М&Т сме силно посветени кон зачувување на животната средина. Целата отпадна хартија и табли ги рециклираме. Цврсто веруваме дека поголемата имплементација на одржливите решенија и употребата на обновливи материјали ќе придонесе за витално и еколошко значење на оваа и идните генерации.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Крижевска 13/5, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Трајче Манов


Мапа