Filters
Пребарување
ТРГОМАК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТРГОМАК се занимава со:

- Продажба на мебел
- Преработка на букови трупци, како и трупци од бор, топола и орев во помали количини
- Производство на граѓа, елементи за мебел и паркет, палети и амбалажа

Салон за мебем ТРГОМАК - Радовиш

Подетално за компанијата

ТРГОМАК

Претпријатието ТРГОМАК дооел од Радовиш своите активности ги остварува во областа на дрвната индустрија, со главна дејност преработката на букови трупци, а во помали количини преработува и трупци од бор, топола и орев. Со преработка на трупците се добиваат производи кои со понатамошна доработка се користат во индустријата за мебел, како што се: режана граѓа, елементи за столици и маси, елементи за паркет... Покрај тоа како нус-производ “Тргомак“ произведува палети и дрвена амбалажа.

ТРГОМАК дооел веќе е познато име од областа на дрвната индустрија, како во земјата, така и надвор од неа. Годишно прераборува околу 2000-2500 м3 трупци, има 11 вработени, кои остваруваат годишен обрт од околу 300.000 евра. Спаѓа во редот на мали претпријатија.

trgomak-clubeconomy
trgomak-clubeconomy

ПРОИЗВОДЕН КАПАЦИТЕТ

Претпријатието ТРГОМАК е основано во 1991 година, на почетокот егзистирајќи исклучиво како трговска фирма. Со преработка на дрво започна во септември 1998 година, во импровизирани услови, со само двајца работници и две машини. Во 2000-та започна изградба на нов современ производствен погон во Индустриската зона во Радовиш. Градежните работи завршија на крајот од 2004 година, а на почетокот од 2005-та се набавени новите машини, со што квантитативно, квалитативно и асортимански се зголеми производниот капацитет и фирмата почна да работи во целосно нови услови. Во ТРГОМАК постојано размислуваме за нови инвестициони програми кои ќе го зголемат производниот капацитет, квалитетот и степенот на финализација на производите, со што ќе опфатиме поголем сегмент од дрвната индустрија.

trgomak-clubeconomy
trgomak-clubeconomy

2000-2500 м³ ТРУПЦИ

Денес ТРГОМАК располага со производствен комплекс од 3.000 м², од кои околу 600 м² се покриена површина, 2.400 м² е плац за редење и сушење на производите. Има машина за разбичување на трупци (брента) од турско производство - Teknikkeller 1000; две лентестни пили за доработка од италијанско производство - Centauro 900, две кратилици, машини за острење и вилушкар Indos од 2.5 тона. Капацитетот на претпријатието е преработка на 2000-2500 м³ трупци, од кои се добиваат околу 1.000 м³ граѓа и елементи за мебел и паркет, потоа околу 20.000 парчиња рачно изработени гајби за јаболка и околу 1.500 палети.

ПАРТНЕРИ

Производите на ТРГОМАК, особено елементите за производство на мебел се наменети за извоз и тоа првенствено во Италија, Словенија и Грција.

Позначајни деловни партнери на фирмата се:

  • KRASLES Сежана – Словенија

  • AFOI LAZARIDIS Кукуш - Грција

  • VELOS Солун - Грција

  • ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ Скопје - Македонија

  • ФА и ФА Скопје - Македонија

  • БУЧИМ Радовиш – Македонија

trgomak-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Св. Спасо Радовишки бр. 11, 2420 Радовиш
Град: Радовиш
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа