
Подетално за компанијата
ВИАДУКТ ТРЕЈД
Компанијата ВИАДУКТ ТРЕЈД се занимава со проектирање, изведување, надзор и ревизија на секаков вид проекти во сообраќајот. Компанијата е кадровски и технички подготвена за изведување на различен вид проекти во делот на сообраќајот, за што најдобро зборуваат досегашните реализирани проекти. Располагаме со најсовремени машини и опрема за изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација, како и опрема во делот на сообраќајот.


СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
Како секундарна дејност на ВИАДУКТ ТРЕЈД е производство, продажба и целосно изведување на проекти за сообраќајна сигнализација. За овој сегмент од нашите активности располагаме со широка палета на производи и опрема за изведување на сообраќајна сигнализација во населени места, паркинг простори, регионални патишта и авто патишта. Потоа опрема за сигнализација на опасности на патот, како и за одбележување на делови каде се изведуваат градежни зафати.
ВИАДУКТ ТРЕЈД
Компанијата ВИАДУКТ ТРЕЈД на македонскиот градежен пазар е присутна од мај 2009 година и од тогаш до денес, имаме изработено поголем број проекти, меѓу кои се издвојуваат:
-
Основен сообраќаен проект за проширување и режим на сообраќај на дел од бул. „Никола Карев“ на потегот од клучка Бит Пазар до крстосница со ул.„Самоилова“ во Скопје и воведување на линиска координација(зелен бран) на истиот дел.
-
Источно плански регион Виница, Зрновци, Делчево, Берово,Чешиново – Облешево, Пробиштип, Штип, Кочани, Пехчево, М. Каменица, Карбинци.
-
Основен сообраќаен проект за воведување на кружна крстосница на вкрстувањето помеѓу улиците Кеј „1-ви Мај“, ул. Кеј „9-ти Септември“ и ул. „11 Октомври“во Прилеп.
-
Основен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај на во Кочани
-
Граничен премин Богородица - Гевгелија.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Васил Василески бр. 15, 1230 Гостивар
Ул. Антон Попов бр. 3/5, локал 2 - Во Скопје
Град: Гостивар
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Сашо Смилјаноски