Filters
Пребарување
2Б ИНВЕСТ ГРУП

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ГРАДЕЖНИШТВО - ВИСОКОГРАДБА

Компанијата 2Б ИНВЕСТ ГРУП се занимава со изградба на станбени згради, деловни, јавни и индустрискиобјекти, индивидуални куќи

Подетално за компанијата

2Б ИНВЕСТ ГРУП е градежна компанија која првенствено се занимава со високоградба. Во текот на своето постоење и успешно работење, фирмата стана познато име во Источна Македонија по бројот на успешно изградени објекти во сите домени на високоградбата, по принципот клуч на рака или изведување на градежни работи за одреден инвеститор.

Нудиме услуги за проектирање и изработка на техничката документација со сите потребни елементи во проектот за изградба и реконструкција, како и целосна реализација на изградбата на станбени згради, семејни куќи, стопански објекти, индустриски хали...

2b-invest-group-clubeconomy

Долгогодишно искуство

Тимот вработени на 2Б ИНВЕСТ ГРУП, во кој се опфатени сите градежни и инсталатерски струки, заедно со сопствената градежна механизација и стручниот тим на компанијата во секој момент се подготвени да одговорат на сите предизвици во градежништвото.

Долгогодишното искуство и традицијата што компанијата ја има во високоградбата и определбата да користиме квалитетни материјали и стриктно да се придржуваме кон стандардите за енергетски ефикасна градба придонесе на пазарот да понудиме квалитетни станови на атрактивни локации.

2b-invest-group-clubeconomy
2b-invest-group-clubeconomy

модерна станбена зграда

Последниот наш проект во станбената изградба е модерната станбена зграда лоцирана во населбата „Сењак“ во Штип, во која нудиме 30 станови со врвен квалитет, со големина од 30 до 100 метри квадратни. За секој стан е обезбеден паркинг простор, а цената од 599 евра за метар квадратен, имајќи ги предвид локацијата и квалитетот на вградените материјали и изградбата е повеќе од атрактивна.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Бул. ЈНА бр. 34/17, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/322 883

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа