Filters
Пребарување
АДЕ - ОПАЕ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АДЕ - ОПАЕ се занимава со производство на мелнички производи

  • Брашно Тип - 400
  • Брашно Тип - 500
  • Екстра брашно
  • Трици

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

Подетално за компанијата

 
производство на мелнички производи

АДЕ - ОПАЕ

 

Мелницата АДЕ - ОПАЕ од кумановското село Опае на пазарот постои уште од 1994 година. Располага со современа технологија за мелење на жито и произведува брашно со премиум квалитет.

АДЕ - ОПАЕ во сите овие години, колку што е мелницата присутна на пазарот, успеа да го заокружи целиот производствен процес, да воспостави цврсти релации со земјоделците производители на житни култури во регионот, но, што можеби е и најважно, да стане познато на пазарот по производите што ги произведува – брашното ТИП 400, ЕКСТРА БРАШНОТО и СТОЧНИТЕ ТРИЦИ.

Сево ова е реализирано со перманентно инсистирање на квалитетот, како на готовите производи, така и на деловните односи со производителите на жито и со потрошувачите на мелничките производи. За да може да одговори на сите барања АДЕ - ОПАЕ има изградено современ производствен погон, современ складишен простор – силоси за житото, со целата потребна опрема за прифаќање на житото и негово чување во идеални услови. Покрај модерните силоси за да добиеме брашно со премиум квалитет располагаме со целосно автоматизирана мелница и одел за пакување на брашното.

За да биде задоволството кај крајните корисници уште поголемо, покрај врвниот квалитет на производите, АДЕ - ОПАЕ за сите поголеми потрошувачи организира и бесплатен транспорт на нарачаните количини.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Опае, 1307 Липково, Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Елми Фетаи


Мапа