Подетално за компанијата
Компанијата АЕН СИСТЕМС се занимава со увоз и продажба на системи, елементи и сите потребни додатоци за изведување на ПВЦ и алуминиумска градежна столарија, како што се: ПВЦ врати и прозорци, алуминиумски и алуминиум – стакло гелендери, системи за преклопни и лизгачки стаклени прегради, надворешни алуминиумски огради...
ПВЦ врати и прозорци
AEN SYSTEMS располага со голема палета на профили и елементи за изработка на ПВЦ врати и прозорци, а НОВО на македенскиот пазар е понудата на профилите од реномираниот бренд SCHONLİNE, кој го нудиме во сериите LINEX70, LINE80 и LINE90, односно со дебелина на профилите од 70, 80 и 90 милиметри, пет и шест комори, со две и со три гумени мембрани. Воедно располагаме и со сите потребни елементи и додатоци за изработка на ПВЦ прозорци и врати, со врвен квалитет кои ги задоволуваат и најстрогите стандарди за безбедност и енергетска ефикасност.
Гелендери
Во понудата на AEN SYSTEMS има иголем избор на алуминиумски елементи и профили за гелендери, како и алуминиумски елементи и профили за алуминиум – стакло гелендери, таканаречени, Aluminium Railing Glass Systems, за дебелина на стакло од 6 и 8 милиметри.
Преградни стаклени системи
Во AEN SYSTEMS нудиме два вида преградни стаклени системи: преклопни стаклени системи и лизгачки стаклени системи. И за двата система нудиме профили и елементи со исклучителен квалитет, кои овозможуваат да се изведат исклучително есклузивни преградни стаклени системи кои на секој простор му даваат гламурозна димензија и се многу едноставни за ракување.
Надворешни алуминиумски огради
Профилите и елементите што ги нудиме за изработка на огради за дворови се од најквалитетен алуминиум и даваат можност да се дизајнираат целосни решенија, за системот на огради, влезните и гаражните врати. Со еден збор нашиот Garden Fence Systems ви обезбедува да изведете решение за вашиот двор со исклучителен дизајн, максимална безбедност и врвен квалитет.
Контакт информации
Адреса
Улица: Качанички пат бб, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија