Filters
Пребарување
АГРОБОЈМИЈА дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Земјоделската аптека АГРОБОЈМИЈА дооел врши продажба на:

- Основни и кристални ѓубрива за исхрана на растенијата од познатите брендови: Compo, Yara, Timac Agro, Agromaster и стандардните комбинации
- Подобрувачи на почва и стимулатори
- Средства за заштита на растенијата
- Течни ѓубрива за фолијарна апликација
- Семиња и саден материјал
- Енолошки средства
- Пчеларска опрема
- Храна за миленици и премикси во сточарството
- Репроматеријали и опрема

АГРОБОЈМИЈА дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

АГРОБОЈМИЈА

Земјоделската аптека АГРОБОЈМИЈА дооел располага со широка палета на основни и кристални ѓубрива за исхрана на растенијата од познатите брендови чија ефикасност веќе им е добро позната на земјоделските производители:

  • • Compo

  • • Yara

  • • Timac Agro

  • • Agromaster, како и

  • • Стандардните комбинации

Кај нас во секој момент ќе најдете подобрувачи на почва и стимулатори од неколку производители, како и течни ѓубрива за фолијарна апликација, со што е комплетирана понудата на производи за примарна и секундарна прихрана во земјоделското производство.

agrobojmija-clubeconomy
agrobojmija-clubeconomy

ПРОИЗВОДНА ПРОГРАМА

Во земјоделската аптека АГРОБОЈМИЈА има и широк спектар на производи за заштита на растенијата, а палетата ни е усогласена со времето на нивната апликација, како и со потребите на примарното земјоделско производство, градинарското и овоштарското производство. Дел од понудата во АГРОБОЈМИА се и семињата и садните материјали, сегмент во кој обрнуваме особено големо внимание на квалитетот, со тоа што нудиме производи само од најпознатите светски производители, за кои пректиката докажала дека одговараат за ова поднебје.

ПОБАРУВАЧКА

Во согласност со побарувачката, во земјоделската аптека АГРОБОЈМИЈА е застапена и енолошката програма, во која се опфатени повеќе видови вински квасци, храна за квасеци, бентонит, желатин, каустична сода, лимунска киселина, винобран, кулер, потоа алкохолометри, широметри, плутени тапи...

Располагаме и со богата понуда на храна за миленици и премикси во сточарството, потоа дел од пчеларската опрема, како и други репроматеријали и опрема потребни во земјоделското производство.

agrobojmija-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Балинци, 2460 Валандово
Град: Валандово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Стојанчо Петков


Мапа