Filters
Пребарување
АЛУШ ЛИМ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АЛУШ ЛИМ се занимава со:

- Производство на целосни системи за олуци: полукружни олуци, цевки, агли, куки, штуцни, кривини, стеги...
- Профилирање на поцинкуван и пластифициран лим
- Транспорт и монтажа

Подетално за компанијата

АЛУШ ЛИМ

Последниве две децении производната компанија АЛУШ ЛИМ е единствена адреса за квалитетно производство на метални производи што се уптребуваат во градежништвото, почнувајќи од сите видови на олуци, како и најситните составни елементи за поставување на системот од олуци што се користат во модерното градежништво. Исто така, АЛУШ ЛИМ со својот тим врши испорака и монтажа на целиот систем на олуци на објектот од нарачателот.

Види повеќе
alush-lim-clubeconomy
alush-lim-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ ОД ЛИМ

АЛУШ ЛИМ произведува цела лепеза производи потребни за поставување и современо функционирање на системите од олуци, како и се што е потребно за реализирање на кровопокривачки работи од сите видови лим, почнувајќи од ребрување на лим во димензии по мерка на нарачателот, до финално изведување на кровните конструкции.

Види повеќе

НАЈМОДЕРНА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА

АЛУШ ЛИМ е современо опремена компанија, со најмодерна техничка опрема, а.производите се продаваат и дистрибутираат низ целата територија на Македонија. Најзначајната карактеристика на производите на АЛУШ ЛИМ е високиот квалитет, кој се темели на долгогодишното искуство на компанијата во оваа област, чии почетоци се во државите од Западна Европа.

alush-lim-clubeconomy
alush-lim-clubeconomy

БРЗА И КВАЛИТЕТНА УСЛУГА

Ефикасноста на западноевропските методи на работа, посветеноста кон задоволување на желбите на клиентите, брзата и квалитетна услуга и чесноста на вработените се нашите одлики по кои сме препознатливи на пазарот. Доволно е само да не контактирате преку нашите e-mail адреси, телефон, факс или едноставно да не посетите за да се уверите во нашата посветеност за квалитетно извршување и на најсложените барања на клиентите.

Ве очекуваме не само како потрошувачи на нашите производи и услуги, туку и како соработници за подобри заеднички успеси.

alush-lim-clubeconomy
alush-lim-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Л. Б. Пиш бб, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Шани Рамадани - Менаџер за продажба


Мапа

Документи